На седмата седница, Владата донесе одлука на екипата на документарниот филм „Медена земја“, да им биде доделена награда во висина од 3 милиони денари (околу 50.000 евра) во знак на признание на меѓународниот успех.

„Медена земја“ беше номинирана за Оскар во две категории за најдобар документарен и странски филм. Иако не доби статуетка, сепак филмот постигна планетарен успех, поради темата која ја третира а тоа се несовесниот однос кон природата и алчноста како светски трендови, поради чии последици светот се соочува со климатски промени и глобално затоплување.

Филмот до сега освоил 32 награди и имал 48 номинации.