fbpx

Влада: Сите регистрирани македонски граѓани во Авганистан се безбедни

-

Сите регистрирани македонски граѓани во Авганистан се безбедни и се работи на нивна брза евакуација, Северна Македонија се приклучува на глобалната хуманитарна мисија за спас на локалното население, соопшти Владата, нагласувајќи дека со внимателност ја следи ситуацијата во Авганистан и е во постојана координација со сојузничките држави од НАТО Алијансата, а првенствено со САД.

Владата е во директна комуникација со компаниите во кои се вработени македонските граѓани кои се регистрирани во Авганистан и за кои се обезбедени повеќе опции за летови за евакуација и за нивно пристигнување во Северна Македонија. Во овој момент имаме информации дека сите наши регистрирани граѓани се безбедни и дека не се наоѓаат во загрозувачка ситуација, се вели во соопштението.

Во поглед на привремено сместување бегалци од Авганистан, засега се преземаат мерки за прифаќање на 186 Авганистанци, вработени и нивни семејства во Мисијата на ОН, хуманитарни организации, организации за човекови права и други здруженија, како и новинари. Тие допрва треба да полетаат од главниот град на Авганистан, а по пристигнувањето на скопскиот аеродром, ќе бидат во задолжителен 14-дневен карантин.

Што се однесува до привременото прифаќање граѓани од Авганистан, во овој момент се работи на координација и утврдување детали за преземање шест жени и деца, вработени или членови на семејства на вработени од Мисијата на Обединетите Нации во Авганистан, како и околу 180 граѓани, жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија кои во изминатите 20 години работеа на одржувањето на мирот во Авганистан, велат од Владата.

Сите Авганистанци што ќе пристигнат во земјава ќе бидат сместени во мотели, одморалишта и хотели, за што трошоците ќе бидат обезбедени од страна на меѓународните организации, како и од Соединетите Американски Држави.

Сместувањето и преземањето на локалното население ќе биде со ограничен временски период, се до обезбедување нивни трансфер до САД или до трети земји, што ќе биде утврдено во координација со нашите стратешки партнери и со меѓународните организации. Целиот демократски свет се солидаризира со хуманитарната катастрофа која му се заканува на локалното авганистанско население, а Северна Македонија како членка на НАТО ќе преземе солидарна одговорност привремено да прифати цивилно население од Авганистан кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија, порача Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...