Влада: Медиумската сфера е ослободена од политички притисоци

-

Со Законот за АВМУ, како законска основа со која што се гарантира слободата на медиумите, се обезбедува професионален и транспарентен избор на членовите на Програмскиот совет на МРТВ, како и професионализација на АВМУ, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на одбележувањето на Светскиот ден на слободата на медиумите, во организација на Секретаријатот за Европски прашања.

„За прв пат се воведуваат критериуми за  избор на професионалци кои ќе ја водат реформата и ќе ги креираат политиките во медиумската сфера. Овие две тела се од големо значење, затоа што МРТВ како јавен сервис мора да биде пример за професионализам и новинарство ослободено од сите притисоци. Од друга страна, АВМУ како независен регулатор, мора да биде професионален во давање на оценки, насоки и критики кон медиумите кои на еден или друг начин отстапуваат од правилата кои ги налага професионалното новинарство“, рече Манчевски.

Министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски, укажа на фактот дека медиумската сфера, за прв пат после една деценија е ослободена од политички притисоци, и дека денеска имаме повеќе критички текстови од пофалби.

„Денеска медиумите се гласни. Не се замолкнати како во заробената држава. И треба да бидат гласни. Не криеме дека ни значи создадениот амбиент на отворена влада и гласни медиуми. Учествувавме во тоа. Во извештајот на Репортери без граници за 2018 година, Северна Македонија скокна за 14 места напред на, и од 109 место во 2017, сега е на 95-тото. Ова е најдобар резултат за слободата на медиумите во Северна Македонија во последните пет години. Ќе продолжиме да работиме на тоа овој позитивен тренд да продолжи“ потенцираше Поповски.

Тој додаде дека во врвот на политиките на Владата е концептот на отворена влада како неопходност за демократизацијата на медиумскиот амбиент и за поддршка за слободно и професионално новинарство, активна транспарентност и пристапност.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...