Владата на вчерашната 144. седница донесе одлука за одобрување средства од буџетот во висина од девет милиони денари за замена на системот за греење на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

„Со оваа одлука, согласно препораките од Планот за чист воздух и од Програмата за намалување на аерозагадувањето на Владата, ќе се замени системот за затоплување на домот за кој сега се користи мазут кој емитира повеќе од 28 килограми ПМ2,5-честички и исто толку ПМ10 годишно.Со оваа одлука, студентскиот дом ќе биде претплатен на системот за централно греење во Град Скопје. Трошоците за греење ќе останат слични, додека загадувањето за загревање на студентскиот дом ќе се намали за седум пати“, се вели во соопштението од Влада.