Фото: Арбнора Мемети

И покрај тоа што бројките се менуваат од час во час, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава во моментов е 610 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 320 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Додека пак, во ковид центрите во главниот град се лекуваат вкупно 290 лица сомнителни и потврдени за ковид-19.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 109 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, велат од Министерството за здравство во однос на состојбата во Скопје.

Во изминатите 24 часа, во Скопје хоспитализирани се 8 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.