fbpx

Вкупно 467 пациенти се лекуваат во ковид центрите низ државата, има околу 680 празни кревети

-

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 467 и има околу 680 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 264 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 47 пациент позитивeн и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 21, во ковид центарот во Гостивар 9, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациент, во Кочани 11 во Кичево 6, Кавадарци 8, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштеноето.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 193 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 45 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 74 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Бројот на приеми во изминативе денови во ковид центрите во Скопје се намалува и утрово до 8 часот имало 190 слободни места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...