Вкупно 25 илјади посетители на „Охридско лето“

-

Приредбите на „Охридско лето“ ги проследиле  рекордни 25.000 посетители меѓу кои и гости од Хрватска, Србија, Чешка, Албанија, Франција  и други земји. Изведени се 29 музички концерти, 13 драмски претстави и 10 настани од дополнителната програма.

Овие бројки на  два дена пред официјалното завршување излегоа денеска на прес конференција, тројцата првенци кои го менаџираат фестивалот.

– Не радува фактот што имавме публика од сите возрасти, имавме повратно дејство на  туризмот, бидејќи голем број туристички групи ги посетуваа нашите настани. Горди сме што на секоја од вечерите успеавме да и дадеме посебно значење – рече директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска.

Музичкиот селектор на фестивалот, Гордана Јосифова-Неделковска, оцени дека го одбрале најдоброто за јубилејното издание.

– Според стручната домашна, но и меѓународна критика и според општото мислење и оваа година реализиравме врвно фестивалско издание, според многумина круна на досегашните случувања што всушност беше наша главна задача. Имавме гостувања на голем број светски музички имиња, што ни даде за право ова издание да го насловивме „Со ѕвездите до ѕвездите“ – рече истакна Јосифова- Неделковска.

На годинешното „ Охридско лето“ беа изведени 13 драмски претстави, дел од нив премиерно.

– Евидентна беше новата сила на театарските продукции во актерските имиња, бидејќи плеада на млади уметници, театарски дејци беа презентирани. Трите големи сегменти, беспрекорно реализираните македонски премиери, инпактот и новоформираното Младо тетатарско лето направија една целина која се вклопи во целокупниот репертоар – оцени селекторот на драмската програма Ѓорѓи Јолевски.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...