Извор на фотографија: Министерство за здравство

Во изминатите 24 часа, во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 582 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 937 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 46 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 64 пациенти, во Прилеп 77, во ковид центарот во Гостивар 21, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 10, Кавадарци 72, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.