fbpx

„Визер“ суспендира 50 авио летови од земјите на поранешна Југославија

-

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ планира привремено да укине 50 авио летови од земјите на поранешна Југославија, пишува специјализираниот портал „Екс-Ју Авиејшн“. Најголем број на суспендирани летови има од скопскиот аеродром, а по него следуваат леталиштата во Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.

Авиокомпанијата во ноември нема да лета од аеродромот во Подгорица, одложено е отпочнувањето со сообраќај на авио линијата од Милан до Приштина за 19 декември, а суспендиран е и летот од Дортмунд за Сплит. За зимскиот ред на летање предвидено е привремено укинување на летовите од Охрид за Виена, од Меминген за Подгорица и од Столкхолм за Скопје.

Сепак, „Визер“ е во процес на повторно воспоставување на летовите Скопје-Турку, Скопје-Нирнберг, Скопје-Копенхаген, Белград-Баден Баден и Белград-Ларнака, кои би почнале да сообраќаат кон крајот на овој месец. Од охридскиот аеродром, „Визер“ планира повторно да отпочне со авиосообраќај со летот за Базел на 10 ноември, додека на почетокот на декември би се вратиле повторно летовите за Виена, Дортмунд, Малме и Лондон.

Повеќето летови кои не ги одржуваше „Визер“ од скопскиот аеродром во изминатиов период би се пуштиле во сообраќај на почетокот од декември. Засега, за крајот на март се оставени за воспоставување авио линиите од Скопје за Салцбург, Ларнака, Бремен, Хановер, Сандерфјорд, Барселона, Столкхолм и Ваксјо.

Сепак, бројот на суспендирани летови од „Визер“ во земјите од поранешна Југославија, како и од нашата земја, ќе биде под огромно влијание од состојбата со корона вирусот во секоја од државите во регионот, бројот на активните случаи на ковид-19, рестрикциите за патување за граѓаните и побарувачката за авиосообраќај.

„Визер“ како и останатите авиокомпании во Европа се соочуваат со значително намален обем на сообраќај поради пандемијата на ковид-19. Македонските аеродроми само во првите осум месеци од годинава имаат над 1,2 милиони патници помалку во споредба со идентичниот период лани, а во речиси идентична мерка се намалени и бројките на превезени патници во земјите од регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...