Авиокомпанијата „Визер“ денеска соопшти дека привремено, до 7 март, ги суспендира летовите до и од Саудиска Арабија. Претходно, компанијата информираше дека поради актуелната безбедносна состојба на Блискиот Исток привремено, исто така до 7 март ги суспендира и летовите до и од Израел, како и кон Дубаи и Абу Даби во Обединети Арапски Емирати, и кон Аман, во Јордан.

„Одлуката е донесена како превентивна мерка за да се гарантира безбедноста на патниците и екипажот, во услови на зголемени ризици и ограничувања во воздушниот сообраќај во делови од Блискиот Исток“, велат од Визер и посочуваат дека патниците кои имаат резервирани билети за овие дестинации ќе бидат дополнително информирани за можностите за рефундација или промена на летот.