fbpx

„Витаминка“ на престижен саем на кондиторски производи во Кина

-

Компанијата „Витаминка“ се претстави на еден од светски највлијателните саеми на кондиторски производи, саемот “Кина-Централна и Источна Европа експо за инвестиции и трговија со храна“.

– Фактот што бевме дел од овој саем значи дека го добивме и признанието за квалитет на нашите производи, кои ги задоволуваат високите стандарди во Централна и Источна Европа. Саемот „Кина-ЦИЕ експо“ е еден од водечките саеми воопшто поради големиот број учесници, но и поради тоа што во фокусот има инвестиции и трговија, а не само изложување и затоа претставува исклучителна можност за сите присутни. Големиот број изложувачи, увозници и посетители, ни даде одлична можност за презентирање на нашите производи, зацврстување на веќе воспоставените бизнис-врски, но, во исто време, и можност за иницијални контакти со потенцијални соработници и истражување на условите за проширување на пласманот на производите и остварување на планираните стратегиски и бизнис-планови – изјави Љупчо Велески, директор за извоз во „Витаминка“.

Изложбениот саем „Кина-ЦИЕ експо“ претставува прва сеопфатна инвестициско-трговска платформа која се воспоставува помеѓу Кина и земјите од Централна и од Источна Европа (ЦИЕ).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...