fbpx

Вистиномер: Видео на Фејсбук манипулира со изјавите на Бил Гејтс

-

Не е вистина дека Бил Гејтс изјавил дека заедно со главниот американски виролог, Ентони Фаучи, убиваат милиони луѓе за да прават пари. Оваа реченица е дел од обраќањето на Гејтс на Минхенската безбедносна конференција во февруари годинава и не е кажана во контекст дека навистина го направиле тоа, туку тој, зборувајќи за дезинформациите поврзани со пандемијата на коронавирусот, ја споделува и таа дезинформација што ја чул за себе. Но, за да се разбере ова, треба да се изгледа целото видео каде Гејтс говори за дезинформациите, а не само исечокот што се споделува на Фејсбук, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Краток исечок од подолг говор на милијардерот и филантроп Бил Гејтс се шири на социјалните мрежи со изјава извадена која е извадена од контекст во која се вели:

24.05.2022
Доктор Фаучи и јас убиваме милиони луѓе и правиме пари,,
-не заборавајте,ова е будење.
Овие сатани одамна ги нема.

Не е вистина дека Бил Гејтс изјавил дека заедно со главниот американски виролог Ентони Фаучи убиваат милиони луѓе за да прават пари. Оваа реченица е дел од обраќањето на Гејтс на Минхенската безбедностна конференција во февруари годинава и не е кажана во контекст дека навистина го направиле тоа, туку тој, зборувајќи за дезинформациите поврзани со пандемијата на коронавирус, ја споделува и таа дезинформација што ја чул за себе.

Но, за да се разбере ова, треба да се изгледа целото видео каде Гејтс говори за дезинформациите, што може да се види во продолжение:

Ако го погледнете само краткиот исечок што се споделува, без целосниот контекст на говорот, можете погрешно да заклучите дека Гејтс признава дека заедно со Фаучи убиле милиони луѓе за да прават пари. Преку слушање на целата изјава пак, јасно е во кој контекст е дадена истата.

 

Како доаѓа до оваа изјава?

Модераторката на панелот на Минхенската безбедностна конференција наречен „Оздравете наскоро: Наоѓање излез од пандемијата“, го праша Гејтс дали медиумите наштетиле на способноста на светот да се бори против пандемијата?

Како дел од одговорот на ова прашање, Гејтс дава пример за дезинформација поврзана со него, која што е цитрана во Фејсбук објавата, предмет на оваа рецензија.

Мејнстрим медиумите завршија добра работа. Штета е што бројот на лица кои починале од вирусот, бројка што се објавуваше дневно, не покажуваше колку од нив се невакцинирани, а колку вакцинирани. Тогаш луѓето ќе ја видеа феноменалната разлика во однос на ризикот од смртност. Скалата на дезинформации, кога ќе ги тргнеме на страна мејнстрим медиумите, е толку висока што речиси мораш да се насмееш. Доктор Фаучи и јас убиваме милиони луѓе за да правиме пари. Нема сомнеж дека дезинформациите ја зголемија недоумицата за вакцинирање и тоа доведе до стотици илјади смртни случаи. Нема сомнеж дека наративот дека ни треба слобода да не носиме заштитна маска во многу случаи доведе до ширење на болеста на локации со постари лица каде што имаше и високо ниво на смртност, одговара Гејтс.

Ова во никој случај не е признание дека тој и Фаучи навистина убивале луѓе, туку приказ на  една од дезинформациите која тој ја чул за себе, а ги имаше многу во периодот на пандемијата.

Не е првпат Бил Гејтс и неговите настапи да се вадат од контекст, да се монтираат и да се злоупотребуваат за ширење на стандардната теорија на заговор дека вакцинацијата е план за депопулација на светското население.

Оваа објава е дел од оркестриран напад врз Гејтс кој почна од многу одамна, но екстремно се засили по појавата на коронавирусот, кога тој започна да се претставува како непријател на светот. Објавите во кој тој најчесто е претставен како „сатана“, „ѓавол“ и „демон“ добиваат голема видливост, како што впрочем е и оваа објава, која е енормно вирална и има над 230 споделувања и повеќе од 140 реакции.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека на објавата на Фејсбук е невистинита и на истата ѝ недостига контекст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...