fbpx

Вистиномер: Вест за откриениот сеф на Јосип Броз Тито стара 9 години, се објавува како да е нова

-

Објава на Фејсбук во мај годинава, тврди дека е отворен сефот на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, и открива што имало внатре, а Вистиномер откри дека веста е стара речиси 10 години, односно објавена е во македонски медиуми уште во 2013 година, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук помпезно најавува дека е отворен сефот на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито и преку фразата „еве што е пронајдено во него“ се обидува да добие што е можно повеќе кликови. Интересно е дека постот е доста вирален и има над 300 допаѓања и повеќе од 60 споделувања. Но, Вистиномер откри дека веста е стара речиси 10 години, а веб-портал го пренесува со датум од 14 мај 2022 година, тврдејќи дека „сефот бил отворен минатата (2021) година“.

Државната комисија открива тајна чувана цели 33 години, го отворила сефот на Јосип Броз Тито. Имено, по неговата смрт на 4 мај 1980 година, сите предмети во сефот ќе останат запечатени, а сефот е отворен минатата година, а во него се пронајдени некои од најскапоцените работи, се вели во написот што го споделува постот.

Во него е посочен и список на скапоцености и пари кои биле најдени во сефот.

… златен, син сафир кој наводно припаѓал на кралската династија Романов од Русија, медал кој им припаѓал на Караѓорѓевиќ. Во тој сеф имаше многу големо богатство. Имаше уникатни ѓердани и накит што му припаѓаше на семејството Караѓорѓевиќ“, изјави еден од членовите на комисијата. Во сефот на Тито имало:
– 29.366 килограми злато во прачки и прав; – 1.271 парче нумизматички пари;

– 2663 златници и дукати– 26.219 американски долари; – 149 парчиња накит (припаѓаат на семејството Караѓорѓевиќ); – 36.000 германски марки

– синиот сафир на Романови;- 83 парчиња манжетни, кутии за цигари, медалјони, привезоци и значки;- 18 комплети сребрени садови

Доколку ја побарате оваа вест на Гугл ќе видите дека веста првпат е објавена во 2013 година.

Државна комисија ги отвори сефовите во Народната банка на Србија, во кои претседателството на некогашната СФРЈ ги оставило неговите работи по смртта, јави Канал 5.

Истата, 2013 година, се наоѓаат и написи со содржината на сефот.

Веста по српски портали може да се најде и во 2014 година, 2017 и 2020 година. На македонските сајтови може да се најде и во 2021 година.

Од сето ова можеме да заклучиме дека сефот на Јосип Броз Тито бил отворен во 2013 година, а не минатата година, како што сугерира постот што го анализираме. Очигледно е дека постот нема за цел да ја информира јавноста, туку преку клик бејт наслов да добие што е можно повеќе кликови. На постот му недостига контекст, односно потребно е да се посочи кога точно бил отворен сефот на поранешниот претседател на СФРЈ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...