fbpx

Вистиномер: Стајковци доби нова градинка, Синѓелиќ ќе почека

-

„Вистиномер“ го анализираше предизборното ветување на сегашниот градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, за изградба на детски градинки.

Анализата подолу ја пренесуваме во целост:

ВЕТУВАЊЕ: Изградба на градинка во с. Стајковци и во с. Синѓелиќ. Во првата година од мандатот, ќе бидат изградени две детски градинки и тоа, една во с. Стајковци и една во с. Синѓелиќ. Овој проект е реална потреба на населението на с. Стајковци и с. Синѓелиќ. Како одговор на нивната потреба, овие две градинки ќе бидат изградени во првата година од мандатот со инвестирање на 18-20.000.000,00 денари. (Рок: 2018 година)

[Извор: Изборна програма „Живот во Гази Баба! За сите!“ (стр. 17), датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Изградба на детски градинки и реновирање на постојните детски градинки според моделот на самоодржливи и енергетско-ефикасни објекти, е еден од клучните проекти на градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски. Тој во неговата програма за локалните избори во 2017 година, насловена како „Живот во Гази Баба! За сите!“, вети дека во првата година од мандатот, поточно до крајот на 2018 година ќе бидат изградени две градинки, една во с. Стајковци и една во с. Синѓелиќ (стр.17). Ова негово ветувње е делумно исполнето.

Градинките ќе бидат изградени според моделот на самоодржливи и енергетскоефикасни објекти, кои ќе ги задоволат потребите на сите деца. Ќе биде овозможено сместување на децата од најмала возраст – јасли, па се до предучилишна возраст. Во воспитно-образовниот процес, ќе бидат имплементирани најдобрите светски практики кои овозможуваат создавање просперитетна младина, а воспитниот процес ќе ја развива свеста кај младите за грижа за околината. Преку овој проект, младите брачни парови ќе бидат задржани во своите домови, во с. Стајковци и во с. Синѓелиќ, а исто така, ќе биде поттикнато создавањето на семејство со повеќе деца, се наведува во програмата.

„Вистиномер“  го анализираше ова ветување во мај 2018 година и го оцени „во тек“. Тогаш од кабинетот на градоначалникот Георгиевски ни одогворија дека експропријацијата на земјиштето ја кочело изградбата на градинката во с. Стајковци и ни нагласија дека таа ќе биде отворена до крајот на 2018 година. Што се однесува, пак, до градинката во с. Синѓелиќ, тогаш од Општина Гази Баба ни посочија дека просторот на старото основно училиште во селото ќе се приспособи за градинка, за што веќе се подготвувале проекти.

Иако, рокот за реализација на ова ветување на градоначалникот Георгиевски е 2018 година, градинката во Стајковци беше отворена дури на 27.07.2021 година, со три години задоцнување.

Фото:  Фејсбук профил на премиерот Зоран Заев

Веста за новоотворената градинка беше објавена на официјалниот Фејсбук профил на премиерот Зоран Заев, како и на официјалната веб-страница на Владата на РСМ.

Децата од денеска делот од секојдневието во градинката ќе го поминуваат во модерен и според сите стандарди функционален објект за оваа намена. Со вкупно 6 занимални и со убаво уреден двор со нова урбана опрема за рекреација, градинката „Пеперутка“ има капацитет за околу 140 дечиња, истакна премиерот Заев на отворањето на градинката.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Георгиевски информираше дека градинката е целосно изградена со средства на општината, во вредност од 30 милиони денари, а опремена е со поддршка на Владата и Министерството за труд и социјална политика.

Во првиот мандат, отворивме повеќе од 250 нови места во детските градинки. Го проширивме капацитетот на градинките „Морковче“ во Јурумлери и „Калинка“ во Железара. Во сериозна акција, со средства на општината и на Владата, ги реконструиравме сите 11 детски градинки во Општина Гази Баба. Секако, тука не застануваме. Она што е наша следна цел, кога се во прашање децата, е изградба на нови детски градинки во Ќерамидница, Трубарево, Синѓелиќ и Инџиково, како и да направиме листите за чекање при упис на деца во градинките да станат минато, истакна Георгиевски.

Тој во своето обраќање, меѓу другото, спомна  дека се планира изградба и на градинка во с.Синѓелиќ, како и во  Ќерамидница, Трубарево и Инџиково.

Имајќи предвид дека Георгиевски пред изборите во 2017 година вети изградба на две градинки, во Стајковци и во Синѓелиќ, а досега е изградена е само градинката во Стајковци, ова негово изборно ветување го сметаме делумно исполнето, пишува „Вистиномер“ во својата оценка на ветувањето на градоначалникот на општина Гази Баба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...