fbpx

Вистиномер: Со лажна наградна игра се злоупотребува брендот „Беко“

-

На официјалната Фејсбук страница на компанијата „Беко“ нема објава за ваква наградна игра, но има предупредување за истата дека е лажна и граѓаните да не наседнуваат. Постот е невистинит и ги манипулира граѓаните со цел креаторот на оваа страница да собере што поголем број следбеници, за потоа да ја ребрендира, преименува и да ја продаде, пишува Вистиномер.мк.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук, користејќи го логото на турската компанија за производство на домашни апарати и електроника, „Беко“, споделува објава за наводна наградна игра. Во постот објавен од страница насловена како „БЕКО“, креирана на 19 јули 2022 година, се мамат и манипулираат граѓаните дека компанијата ќе донира фрижидери. Она што се бара од следбениците на страницата е да го споделат постот во најмалку 5 групи на Фејсбук и да го погодат бројот на сликата. Постот е доста вирален и за кратко време има преку 360 споделувања и повеќе од 260 коментари.

Принтскрин од лажната објава

Во објавата која ја анализираме се наведува:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Денешниот специјал ќе споделиме 100 нови фрижидери од BEKO на сите кои ќе ја споделат оваа објава и правилно ќе го погодат бројот на сликата.
(Наградите ќе бидат испратени директно до победникот, денес)!

Во коментарите под објавата, од Фејсбук страницата на следбениците им порачуваат:

Ви благодариме за коментарите.
Сè што треба да направите за да ја освоите оваа награда е да ја споделите оваа објава на 5-10 групи на Facebook што ги следите и ние ќе го потврдиме вашето учество во рок од неколку часа. Ви благодариме

На официјалната Фејсбук страница на компанијата Беко нема објава за ваква наградна игра, но има предупредување за истата дека е лажна и граѓаните да не наседнуваат.

Имајќи предвид дека станува збор за непостоечка награда игра, може да заклучиме дека постот е невистинит и дека неговата намера е манипулација, односно злоупотреба на корисниците на социјалната мрежа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...