fbpx

Вистиномер: Со лажна наградна игра и со лажна страница на ,,Шкода’’ се манипулираат корисниците на Фејсбук

-

Нова лажна наградна игра, злоупотребувајки го брендот на ,,Шкода’’ кружи на Фејсбук. Истата ја организира ФБ страница која постои едвај три дена, а веќе доби над 2.000 следбеници. Од граѓаните се бара да го лајкнат постот, да го споделат со коментар за бојата на автомобилот што сакаат да го добијат. Вистинската компанија ,,Шкода’’ демантираше дека организира наградна игра и апелира граѓаните да внимаваат на ваквите објави, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен од страница насловена како „Шкода Македонија’’ на социјалната мрежа Фејсбук , во којшто се лажат и манипулираат граѓаните дека оваа автомобилска групација со седиште во С. Македонија ќе додели автомобил на лица кои ќе коментираат и ќе го споделат постот. Станува збор за ФБ страница креирана на 22 јануари оваа година со официјално лого и име ,,Шкода Македонија’’ при што за неколку дена веќе доби над 2.000 следачи

Во објавата стои:

Дали сте подготвени да добиете подарок автомобил од соништата од SKODA,… На почетокот на оваа година нашата компанија повторно ќе донира и подели награди од три автомобили од SKODA на 3 среќни семејства,…Изберете ја бојата на вашиот автомобил од соништата и напишете го вашиот одговор во колоната за коментари…..на пр. “ЦРВЕНО“….следете ги следните инструкции

  1. Лајкнете ја нашата страница
  2. Коментар „ЦРВЕНО“
  3. Споделете ја оваа објава со вашата група и пријатели
  4. Дајте лајк на нашата објава,…

Денеска ќе го избереме победникот.

Постот за неколку часа доби над 1.500 коментари, но и околу 2.000 споделувања. Во коментарите граѓаните наседнуваат на наводните инструкции од постот, коментираат и ја споделуваат страницата, со што таа стана доста вирална на Фејсбук. Деновиве има и нов пост во којшто се тврди дека ова не е измама туку вистина.

Но, со оглед на тоа што ФБ страницата што ја рекламира наводната наградна игра постои само неколку дена, а како што може да се види нејзините постови  имаат различна содржина за играта и бројка на потенцијални добитници на автомобили, што отвара сомнеж дека  станува збор за лажна ФБ страница.

Исто така, вистинската компанија „Шкода,“  преку својата официјална Фејсбук фан страница, информираше дека станува збор за нова лажна наградна игра неповрзана со нивната компанија.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!! Почитувани пријатели, На социјалните мрежи повторно се појави лажна наградна игра која не е организирана, ниту на било кој начин поврзана со ŠKODA Македонија.  Ве молиме бидете внимателни со споделување на вашите лични податоци и споделување на објави чија единствена цел е измама и злоупотреба, објавија од преставништвото на ,,Шкода’’ во земјава.

Дека не се организатори на никаква наградна игра потврдија и за „Вистиномер“ посочувај’и дека нивната страница е креирана пред речиси една деценија и имаат над 6 милиони следбеници.

Па имајќи предвид дека самата ФБ страница делува сомнително, како и фактот што компанијата „Шкода’’  демантираше дека се организатори на наградната игра,  постот го оценуваме како невистинит и измамнички.

Ова не е првпат да се злоупотребува името на ,„Шкода’’ за лажни наградни игри. „Вистиномер“  лани во декември пишуваше дека лажна ФБ страница организира лажна наградна игра со неавтентнични фотографии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...