Вистиномер: Си-Ен-Ен не објавил слика од Звоначка Бања, претставувајќи ја како украински бомбардиран хотел

-

Твитот што се споделува во постот што го рецензираме не е на „Си Ен Ен“, туку е монтажа. Мајк Мајконски – авторот на твитот е познат на социјалните мржи по објавување на сатирични фотографии, мимови и снимки и други хумористични содржини. „Пиротски вести“ за него пишува дека се вика Милорад Усковиќ, дека живее во Пирот и се смета за најпопуларниот пироќанец на социјалните мрежи, шегобиец… На неговиот инстаграм има повеќе од 6 илјади следачи и се прикажани слични содржини, монтирани твитови наводно од „Си Ен Ен“, меѓу кои и оној што е предмет на нашата рецензија, со хотелот „Мир“. На сите монтажи во аголот стои името Мајк Мајконски, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се тврди дека телевизијата „Си Ен Ен“ објавила твит кој не кореспондира на реалноста. Во постот се тврди следното:

Според Си Ен Ен, ова е украинскиот хотел МИР, бомбардиран од Русите. Но, реалноста е дека ова е српскиот рекреативен центар Звоначка Бања, која бара реконструкција и бара инвеститор. Изгледа треба да му се заблагодариме на Си Ен Ен за огласот. 

Во склоп на постот е објавено  видео од руинираниот хотел како и фотографија од наводниот твит на „Си Ен Ен“.

Дали овој твит е навистина објавен од страна на „Си Ен Ен“ и дали е автентичен?

На фотографијата која може да ја погледнете погоре, а која го отсликува наводниот твит на „Си Ен Ен“, се тврди дека профилот на Твитер од кој е споделена фотографијата наводно е од страницата „Си Ен Ен Брејкинг Њуз“ (CNN Breaking News @cnnbrk).

„Вистиномер“ се увери дека навистина ваков профил на Твитер постои дека му припаѓа на „Си Ен Ен“ и дека на овој канал на Твитер се објавуваат ударни вести. Самиот канал е стар, популарен и го следат преку 60 милиони следачи на Твитер.

Во твитот наводно споделен од овој профил, пишува дека ова се остатоци од некогашниот познат украински хотел „Мир“ откако бил уништен од воздушен напад. Како што се  покажа, ова е стара фотографија од хотелот „Мир“, меѓутоа тој не се наоѓа во Украина туку се наоѓа во Звоначка Бања кај Пирот .

Кога ја впишавме содржината на твитот во Гугл пребарувачот, не излегоа никакви резултати, односно не го пронајдовме овој наводен твит од „Си Ен Ен“. Доколку ваков твит бил објавен од каналот „Си Ен Ен Брејкинг Њуз“, тогаш голема е веројатноста дека тој би останал во меморијата на Гугл пребарувачот со оглед на тоа што каналот е официјален, има над 60 милиони следачи ширум светот и неомнено би го споделиле огромен број луѓе.

Во случајов најверојатно се работи за монтажа која е направена преку една од апликациите за генерирање лажни твитови кои изгледаат како да се вистински.

Исто така, ако внимателно се погледне наводниот твит паѓа в очи уште една работа која дефинитивно потврдува дека станува збор за фотомонтажа.  На горниот десен агол на овој твит, пишува Мајк Мајконски. 

Кога ова име – Мајк Мајконски, го впишавме во Гугл пребарувачот, сфативме дека е добро познат на социјалните мржи по објавување на сатирични фотографии, мимови и снимки и други хумористични содржини.

„Пиротски вести“ (pirotskevesti.rs) за него пишува дека се вика Милорад Усковиќ, дека живее во Пирот и се смета за најпопуларниот пироќанец на социјалните мрежи. Според напишаното,  Мајк е шегобиец, а некогаш и на сатиричен начин низ фотомонтажи, мимови и видеоматеријали го отсликува секојдневието и луѓето во Пирот.

На неговиот инстаграм има повеќе од 6 илјади следачи и се прикажани слични содржини, монтирани твитови наводно од „Си Ен Ен“, меѓу кои и оној што е предмет на нашата рецензија, со хотелот „Мир“. На сите монтажи во аголот стои името Мајк Мајконски.

Оттука,  видливо е дека твитот што се споделува на Фејсбук не е автентично на „Си Ен Ен“, туку е монтажа.  Така што, оценуваме дека не е вистина оти „Си Ен Ен“ објавил на Твитер фотографија од бомбардиран хотел во Звоначка Бања, претставувајќи го како украински бомбардиран хотел.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...