Фото: Болница во Битола -1916; Принтскрин -eprints.ugd.edu.mk
Фото: Болница во Битола -1916; Принтскрин -eprints.ugd.edu.mk

Крајот на Првата светска војна на просторот на јужен Балкан и на територијата на денешната македонска држава, освен големите воени разорувања и жртви од воените дејствија, кај локалното население бил одбележан и со појавата на епидемијата на шпанскиот грип. Болеста, предизвикана од Х1Н1 вирус на грип со необична јачина, бргу се раширила не само помеѓу војниците и завојуваните страни, кои ги водеа завршните битки на Првата светска војна, туку и помеѓу жителите на просторите каде што се одвивале воените дејствија, а вирусот забрзано го пренесувале и војниците кои се враќале од фронтовите кон своите домови, пишува Вистиномер.мк.

Епидемијата, која се појавила во пролетните месеци (1918), до појавата на актуелната пандемија на Ковид 19, беше сметана за најстрашната епизода на болест во современата историја, бидејќи успеала за само 18 месеци, во временски период од 1918 – 1920 година, да зарази околу 500 милиони луѓе и да убие околу 50 милиони низ целиот свет, или околу 3 до 4 проценти од тогашната светска популација. Со оглед на тоа што светот сè уште не беше докрај излезен од дотогаш најголемата и најсмртоносна војна од светски размери, со огромен број тешко болни и ранети, ниту конечните бројки на починати од шпанскиот грип, односно шпанската треска како што уште била нарекувана, не можат докрај да се прецизираат, па така некои проценки за жртвите од оваа глобална пандемија се искачуваат и до 100 милиони починати.

Постојат историски податоци дека шпанскиот грип поминал и низ територијата на денешна Република Северна Македонија, но поради историските околности и потешкотиите со кои на сите три страни се воделе евиденциите за загинати, починати, заразени и излекувани војници и цивили, тешко било да се пронајдат и синтетизираат вкупните бројки. Поради тоа, расположливите податоци се многу скромни, а собраните сведоштва за епидемијата на шпанскиот грип од 1918 година во Македонија се многу ретки.

Целиот текст може да го прочитате тука.