Вистиномер: Про-Кремљ дезинформации ги претставуваат САД и ЕУ како нацистички и сатанистички

Тврдењата дека ЕУ и САД се нацистички, како и дезинформациите за „сатанско НАТО“ и „педофилска ЕУ“ одат во прилог на про-Кремљ дезинформациите кои особено се засилија по целосната рукска инвазија на Украина. Поради сето ова, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистинита

-

ЕУ и САД немаат никаква врска со нацизмот. Тврдењата дека ЕУ и САД се нацистички, како и дезинформациите за „сатанско НАТО“ и „педофилска ЕУ“ одат во прилог на про-Кремљ дезинформациите, кои особено се засилија по целосната руска инвазија на Украина, анализира „Вистиномер“

Во продолжение, ви ја пренесуваме анализата во целост:

Анализираме објава на Фејсбук, која тврди дека ЕУ и САД се нацистички и притоа ги „сатанизира“ Европската Унија и НАТО.

Татарите од Софија без поддршка на неонацистите во нацистичка Америка и сатанско НАТО и педофилска ЕУ не може да прават ништо, но вие идолопоклоници од хидроМицко ла*нар сте слуги на овие погоре, стои во објавата. 

Не е точно дека Европската Унија и САД се неонацистички, како што сака тоа да го прикаже објавата. Ваквиот наратив е на иста линија со про-Кремљ дезинформациите дека сите се „нацисти“, освен Русија.

Како што објавува EuVsDisinfo, долги години руските медиуми контролирани од државата тврдeле дека различни држави и ентитети се управувани од нацисти, или, пак, се водат од нацистичката идеологија. Примерите се добро документирани во базата на податоци EUvsDisinfo од 2015 година. Таму, на пример, се тврди дека Молдавија е управувана од фашисти, а, исто така, и балтичките држави и Полска. Понатаму, дека Европа го „поддржува“ фашизмот, а исто така и Европскиот парламент. Говорејќи во Владивосток шест месеци по руската инвазија на Украина, Владимир Путин дури шпекулираше дека шефот за надворешна политика на ЕУ, високиот претставник Жозеп Борел, „ќе беше на страната на фашистите доколку живееше во триесетите“.

Тврдењето дека Европската Унија е нацистичка и нејзиното поврзување со фашизмот е комплетно спротивно на реалните заложби и цели поради кои Унијата е воопшто формирана. Станува збор за политичка и економска унија на 27 земји членки примарно лоцирани во Европа, со политики кои обезбедуваат слободно движење на луѓе, проток на добра, услуги и капитал на внатрешниот пазар, заеднички политики за трговија агрикултура и регионален развој.

На 25.10.2018 година, Европскиот Парламент објави дека е загрижен од зголемениот тренд на нормализација на фашизмот, расизмот и ксенофобијата и повика сите земји членки на Европската Унија да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи.

Членовите на Европскиот парламент сметаат дека крајно десничарски организации во некои од земјите членки се еден од причинителите за растот на насилието, кое целосно го афектира општеството и е таргетирано на Евреи, Муслимани, Роми, ЛГБТИ луѓе итн.

Тие предложија да се состават единици во полицијата за борба против криминал од омраза, за да се осигури дека ваквите инциденти се процесуираат и се истражуваат. Членовите на Европскиот парламент ги охрабруваат националните влади ефективно да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи и сите други фондации и асоцијации кои го глорифицираат нацизмот или фашизмот.

Европскиот парламент повика земјите членки јасно да ги осудат и санкционираат криминалот од омраза, говорот на омраза од страна на политички фигури кои користат омраза и насилство. Исто така, оттаму додадоа дека е потребно земјите членки да се спротивстават на ширењето расизам, фашизам, ксенофобија преку интернет во соработка со компании за социјални мрежи. Во резолуцијата се наложува земјите членки и националните спортски федерации, особено фудбалските клубови да се спротивстават на фашизмот, расизмот и ксенофобијата на стадиони и други спортски и културни настани со санкционирање и осуда на овие дејства. Исто така, се предлага земјите членки на ЕУ да состават програми со кои ќе може да им се помогне на индивидуите кои се дел од насилни неофашистички и неонацистички групи, да се одделат од нив и да ги напуштат. Членовите на Парламентот, исто така, ја потенцираат важноста на образованието, за да се подигне свеста кај младината за историјата и повикува сите јасно да одбиваат да ги прават злосторствата на фашизмот од минатото, дополнувајќи дека вистината за Холокаустот не смее да се тривијализира.

Од ова станува јасно дека заложбите на Европската Унија не само што не се фашистички, туку и цврсто се темелат на антифашистички политики, препораки и дејствија.

Исто така и тврдењето дека Америка е нацистичка не кореспондира со реалноста и тоа е евидентно од Уставот и од севкупното уредување на Соединетите Американски Држави. Уставот на САД воспоставува федералeн демократски републикански облик на владеење, односно има неделлива унија на 50 суверени држави. САД е претставничка демократија зашто граѓаните се слободни да се организираат и да избираат свои избрани лица на слободни и тајни избори. Целта на федералната влада, како што е наведено во преамбулата на Уставот, е да овозможи правда, домашен мир, одбрана, промовирање на социјалните права, заштита на слободата. Власта во САД е базирана на три принципи: на права коишто ги има секој човек што живее во Америка, власт, одбрана од народот и поделба на власта – гранки (столбови) на власта со различни овластувања.

Освен овие параметри, кои ја дефинираат демократијата во САД, исто така, почитувањето на човековите права долго време е централна компонента на американската надворешна и внатрешна политика. Поддршката кон демократијата не само што ги промовира фундаменталните американски вредности како религиозна слобода и работнички права, но и креира побезбедна, стабилна и просперитетна глобална арена. Демократски водените нации е поверојатно да обезбедат мир, да избегнат агресија, да ги прошират отворените пазари, да промовираат економски развој, да ги заштитат американските државјани, да се борат против интернационален тероризам и криминал, да ги зачуваат и промовираат човековите права и правата на работниците, да одбегнат хуманитарни кризи и да го заштитат човековото здравје.

Со овие цели, САД се труди да промовира демократија како средство за остварување безбедност и просперитет на целиот свет, да помогне кај новоформирани демократии во имплементацијата на демократските принципи, да помогне ширум светот да се создадат демократии, да ги идентификува и да ги отфрли режимите кои на своите државјани им го ускратуваат правото да ги одберат лидерите на слободни и транспарентни избори.

Демократијата како форма на организација и политичко водство ја зема предвид волјата на граѓаните, нивните интереси и аспирации. Тоа е владеење на народот, преку бирање на негови избрани претставници. Сите елементи на демократијата, вклучително и почитувањето на човековите права се централна компонента на севкупната политика на САД.

Што се однесува до тезите за „сатанското НАТО“ и „педофилската ЕУ“, тие премногу асоцираат на дезинформациите и пропагандата која се шири од Кремљ, a која му е посветена на Западот во обид да се оправда агресивната руска воена инвазија на Украина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, како што пренесе француски Ле Монд. на 21 февруари 2023 година го обвини Западот дека ја направил педофилијата „норма“.

Див напад, типичен за рускиот лидер, но кој се совпаѓа со оној на Кју Анон заедницата која споделува дезинформации за педофилски елити во Белата Куќа, пишува Ле Монд во текстот од 2 март 2023 година.

Постојат обиди конспиративните заедници, кои промовираат тези комбинирани меѓу пропагандата од Кремљ и пропагандата од Кју Анон – да ја претстават НАТО како сатанистичка организација, a ЕУ да ја сатанизираат како безбожна и педофилска, и покрај тоа што овие тврдења не се основани, а фактите, законската регулатива и принципите на ЕУ и НАТО заговараат токму спротивни работи, како стабилност, мир, казнување на педофилијата и промоција на еднаквоста и достоинството на сите луѓе.

За ова повеќе прочитајте во анализата на Вистиномер тука.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека ЕУ и САД немаат никаква врска со нацизмот. Тврдењата дека ЕУ и САД се нацистички, како и дезинформациите за „сатанско НАТО“ и „педофилска ЕУ“ одат во прилог на про-Кремљ дезинформациите кои особено се засилија по целосната рукска инвазија на Украина. Поради сето ова, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.


Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...