fbpx

Вистиномер: Општина Аеродром не доби затворен зелен пазар

-

Ветување: ЗАТВОРЕН ЗЕЛЕН ПАЗАР

Општина Аеродром е соочена со недостиг на затворен современ зелен пазар. Следејќи ги потребите на граѓаните укажувани на многубројните средби во мандатниот период, еден од капиталните проекти ќе биде изградбата на современ затворен пазар во кој ќе бидат планирани повеќе содржини: дел за продажба на градинарски производи, дел за продажба на млечни производи, дел за продажба на свежо месо, дел за хортикултура, маркет, кафетерија, катче за деца, паркинг, магацински простор за корисниците на зелениот пазар, административни простории и сл… (Рок: 2018 – 2020 година)

[Извор: Предизборна програма на З. Марин, стр,26 –  датум: октомври 2017 г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Актуелниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин, кој веќе искажа намера повторно да се кандидира на претстојните локални избори, кога пред четири години првпат се кандидираше за оваа функција, на граѓаните им вети дека Општината ќе добие затворен зелен пазар. Ова ветување на Марин дадено во неговата предизборна програма  „Живот во Аеродром за сите!“ (стр.26е неисполнето, пишува Вистиномер.

Современ, покриен, мултифункционален зелен пазар е обележје на сите модерни градови. Граѓаните на Општина Аеродром, како дел од Градот Скопје, чувствуваат потреба од изградба на ваков пазар и ние ќе го реализираме тоа, наведе Марин во програмата .

Освен во изборната програна, Марин ветувањето го повтори и во видеоспот снимен на почетокот на октомври 2017 година, емитуван на неговата официјална страница на Фејсбук. Од текстот во објавата може да се заклучи дека планираниот затворен зелен пазар бил предвиден на просторот позади трговскиот центар „Бисер“ во Општината.

Сепак тоа не се случи. Пазарот до ден денес остана нереализирано ветување.

„Вистиномер“ дојде до ваков заклучок по опсежни проверки на јавно достапните податоци на интернет, откако намерата да го провериме ветувањето преку официјалните служби на Општина Аеродром, се сведе на одговорот:

Ве информираме дека е во тек процес за обезбедување тезги и локација за отворање прв пазар во Општина Аеродром за земјоделски органски производи.

Иако, нашето прашање беше за реализацијата на  ветувањето за „затворен пазар“, а не за „прв пазар за земјоделски органски производи“.

По ова, најпрво следеше пребарување на интернет со пребарувачот Гугл преку клучни зборови, но информaција за изградба на зелен пазар во Аеродром не најдовме.

Не даде никакви резултати ниту темелното пребарување на веб-страницата на Општина Аеродром. Освен, што може да се види дека „изградбата на затворен зелен пазар“ е меѓу капиталните проекти во програмата за работа на градоначалникот (стр.5), откако тој бил избран (издание на општинското гласило од ноември 2017 година).

Информација за затворениот зелен пазар не може да се најде ниту со рачно прелистување на објавите на вести и соопштенија поставени на веб-страницата на Општината. Овој проект не се споменува во отчетот за двегодишното работење на градоначалникот на Аеродром  (2017 – 2019). На 15.11.2019 година, на веб-страницата е објавена вест за тоа дека Марин тој ден поднел отчет за сработеното. Читајќи ја веста, каде се потенцирани главните поенти за постигнатото од страна на самиот Марин, може да се види дека нема ниту збор за затворен зелен пазар. Во веста пак, има уште еден линк кој води до брошура со повеќе детали, т.е. сите компоненти од отчетот. И во оваа брошура објавена на крајот од 2019 година, може да се види дека Марин не го споменува затворениот пазар како нешто на што се работело или се планира да се работи.

Исто така, затворен зелен пазар не се среќава ниту во рубриката „Проекти и Документи“ на веб-страницата на Општината. Овој проект не стои ниту во тековни проекти во месни заедници 2017-2019 година, ниту пак, во идни проекти, т.е проекти што наскоро треба да почнат со реализација.

Поради сите погоре посочени факти, сметаме дека ветувањето на градоначалникот на Аеродром за изградба на затворен пазар, не е исполнето.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...