fbpx

Вистиномер: Не постојат посебни маски за мајмунски сипаници

-

И покрај контекстот во кој се портретираат овие маски како посебни и специјално дизајнирани за мајмунски сипаници, сепак не е вистина дека постојат специјални маски дизајнирани за оваа болест. Лицата заразени со мајмунски сипаници користат обични хируршки маски, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој е споделена фотографија од заштитни маски, за кои се вели дека се за мајмунски сипаници. Од постот се добива впечаток дека станува збор за посебни, специјални маски, дизајнирани исклучиво за мајмунски сипаници, иако станува збор за вообичаени заштитни маски кои се користат месеци наназад во Германија во пандемијата против ковид-19. Во постот што го рецензираме се вели:

Театарот продолжува. Маски за мајмунски сипаници.

Потоа се споделува фотографија од амбалажата на маските, на која има илустрација од мајмунче.

Меѓутоа, и покрај контекстот во кој се портретираат овие маски како посебни и специјално дизајнирани за мајмунски сипаници, сепак не е вистина дека постојат специјални маски дизајнирани за оваа болест. Лицата заразени со мајмунски сипаници, користат обични хируршки маски.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД, пишува дека лицата со мајмунски сипаници треба да носат хируршка маска, особено тие што имаат респираторни симптоми како кашлица, недостаток на здив, болки во грлото. Ако не е возможно да се носи заштитна хируршка маска, на пример ако заболено е дете, тогаш другите членови во домаќинството треба да носат заштитна хируршка маска. Кога ќе дојде во контакт со раните, тогаш лицето треба да носи и заштитни ракавици и да ги фрла по секоја употреба. Раните на лицето од сипаниците, според препораките на Центарот за контрола и превенција на болести на САД, треба да бидат покриени најдобро што може, на пример со тоа што заболеното лице ќе носи блузи со долги ракави за да се минимизира ризикот од контакт со другите. Исто така, се препорачува да се фрлат контаминираните завои по консултација со локалните и државните здравствени власти.

Тоа што на илустрацијата од амбалажата на маските од постот што го рецензираме има илустрација на мајмун, не значи дека се појавиле специјално дизајнирани маски за мајмунски сипаници. Заболените носат вообичаени хируршки маски.

Од 13 мај 2022 година, мајмунски сипаници беа пријавени во Светската здравствена организација од 12 земји членки ширум три региони на СЗО. СЗО наведува дека превенцијата треба да се движи во рамките на избегнување директен контакт со некој што има мајмунски сипаници, односно да не се допира лицето и кожата, да се практикува безбеден секс, да се мијат рацете со вода и сапун и да се одржува респираторна хигиена.

Мајмунските сипаници се вирус кој се пренесува од животни на луѓе. Предизвикан е од вирусот на мајмунски сипаници и првпат е пронајден во данска лабораторија во 1958 година. Првиот случај на мајмунски сипаници е дете од Конго.

Мајмунските сипаници се пренесуваат со близок контакт по допир на кожата, телесните течности, респираторните капки и контаминираните материјали како постелнината. Можен ризик фактор е и јадењето несоодветно зготвено месо или други животински продукти на инфицирани животни. Инкубацискиот период е од 6 до 13 дена, но може да биде и од 5 до 21 ден. Симптомите се главоболка, температура, потечени лимфни жлезди, болки во грбот, слабост и болки во телото.

Откако се појавија мајмунските сипаници, група на теоретичари на заговори, неосновано посочуваат дека станува збор за план, агенда и театар, односно за продолжување на некакво сценарио по т.н. пландемија со ковид-19. Според овие невтемелени во реалноста наративи, група на моќници кои не се именувани, имаат добивка од тоа постојано да има болести и пандемии. Така и во постот што го рецензираме се тврди дека „театарот продолжува” и се споделува фотографијата од маските со слика од мајмунче. Но, таа слика не е поврзана со мајмунските сипаници туку со дизајнот од страна на производителот.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека има посебни маски за мајмунски сипаници и дека оваа болест е „театар“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...