fbpx

Вистиномер: Не е вистина дека на Макрон му е наредено да поднесе оставка, никој нема такви овластувања во Франција

-

Според Уставот на Франција, никој не може да му „нареди“ на Претседателот да поднесе оставка. Може да му биде изгласана недоверба, може тој сам да си поднесе оставка или функцијата да му заврши во случај на смрт. Нема таков орган, институција или функција во Француската Република што има уставни моќи да му нареди такво нешто на Претседателот, како што манипулативно се тврди во објавата, пишува Вистиномер.мк.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

На Фејсбук, на повеќе страници (тукатука и тука) споделен е медиумски напис кој тврди дека на францускиот претседател Емануел Макрон му било наредено да поднесе оставка. Ова е манипулација и невистина затоа што според должностите и обврските што ги има францускиот претседател, никој не може да му нареди да поднесе оставка.

На Макрон му е наредено да поднесе оставка бидејќи францускиот претседател се соочува со итна истрага по „предавството на Франција

Функцијата Претседател на Француската Република, без разлика дали се работи за сегашниот претседател Емануел Макрон или за некој минат или иден претседател, не подлегнува под ничии наредби за оставка. Напротив, тој ужива имунитет за време на мандатот.

Според Уставот, никој не може да му „нареди“ на Претседателот да поднесе оставка. Може да му биде изгласана недоверба, може тој сам да си поднесе оставка или функцијата да му заврши во случај на смрт. Нема таков орган, институција или функција во Француската Република што има уставни моќи да му нареди такво нешто на Претседателот, како што манипулативно се тврди во објавата.

Иако во насловот се употребува престрога и неточна фраза дека на Макрон „му е наредено“, сепак во текстот недостасуваат информации за тоа од каде потекнува оваа наредба.

Во написот не е објаснето ништо за тоа кој може да му нареди на Макрон за тој да мора да послуша и да си даде оставка. Во него се вели дека дел од пратениците го критикувале Макрон и „почнале повици тој да си поднесе оставка“. Но повици и наредба е нешто сосема различно. Повици за оставки од политички функции се случуваат секојдневно во секоја држава, па и кај нас. Најчесто тоа го прави опозицијата којашто сака да дојде на власт. И тука нема ништо чудно и невообичаено, но тоа никако не може да се интерпретира како наредба.

Значењето на самиот збор наредба е „службено усно или писмено барање што задолжително треба да се изврши“. Значи кога нешто се наредува, нема простор за избор туку мора да се исполни. Но, ситуацијата со Макрон не е таква.

Должноста, но и одговорноста на францускиот претседател произлегува од францускиот Устав од 1958 годи каде што клучна фигура во францускиот уставно-политички систем е Претседателот на Републиката. Тоа јасно произлегува од текстот на Уставот, конкретно член 5, според кој

Претседателот на Републиката преку својата арбитража го обезбедува редовното функционирање на јавните власти како и континуитетот на државата.

Ваквото значење Претседателот го добил од првиот момент на донесување на Уставот, но неговата положба е посебно засилена со уставната реформа од 1962 година, која се однесуваше на начинот на неговиот избор.

Членовите 67 и 68 од Уставот ги предвидуваат условите за кривична одговорност на Претседателот. Тие беа реформирани со уставен акт од 2007 година со цел да се разјасни ситуацијата што претходно резултираше со правни контроверзии.

Член 67

Претседателот на Републиката нема да сноси одговорност поради дејствијата извршени во службена должност, согласно одредбите од членовите 53-2 и 68 од овој закон. Во текот на неговиот мандат, од претседателот нема да се бара да сведочи пред ниту еден француски суд или управен орган и нема да биде предмет на каква било граѓанска постапка, обвиненија, гонење или истражни мерки. Сите запрени тужби и постапки може повторно да се активираат или покренат против претседателот еден месец по завршувањето на неговиот мандат.

Член 68

Претседателот на Републиката нема да биде разрешен од функцијата за време на неговиот мандат по која било основа освен поради повреда на неговите должности и видлива некомпатибилност со извршување на својот мандат. Таквото отстранување од функцијата ќе биде прогласено од страна на Парламентот кој ќе заседава како Висок суд на правдата. Предлогот за свикување на Високиот суд на правдата усвоен од едниот или другиот дом на Парламентот веднаш се доставува до другиот дом кој ќе ја соопшти својата одлука во рок од петнаесет дена од приемот на истиот. Со Високиот суд претседава претседателот на Националното собрание. Својата одлука за смена на претседателот ќе ја донесе со тајно гласање во рок од еден месец. Одлуката на судот ќе има ефект веднаш.

Насловот којшто тврди дека на Макрон му е наредено да даде оставка, привлече многу коментари и споделувања на социјални мрежи, а поголемиот дел се во насока на актуелната домашна политичка ситуација, односно во контекст на францускиот предлог за отворање на преговори помеѓу Северна Македонија и Бугарија.  Па така коментарите на социјалните мрежи на овој текст, кој е тенденциозно споделен за да привлече внимание, се полни со навреди и говор на омраза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...