fbpx

Вистиномер: Не е точно дека Велија Рамковски најавува враќање на А1 телевизија

-

Видеото објавено во текстот што се споделува на Фејсбук, а за кое се тврди дека преку него Рамковски најавил враќање на А1 телевизија во етерот, го објавила Фејсбук страницата А1 телевизија и истото е старо повеќе од 2 години. Но, во ова видео, Рамковски не најавува враќање на А1 телевизија, туку зборува за состојбата со медиумите во Македонија. Веста дека Рамковски ќе ја враќа телевизијата, ја демантираше и неговата ќерка, Емел Рамковска која во изјава за „Слободен печат“ вели дека нејзиниот татко не стои зад овој проект. Фејсбук страницата А1 телевизија, која најавува наводно враќање на телевизијата во етерот, исто така, демантираше дека Велија Рамковски стои зад овој проект, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук прашува дали телевизијата А1, која згасна во времето на владеењето на Никола Груевски, се враќа на малите екрани и додава дека по тој повод, нејзиниот некогашен сопственик, Велија Рамковски ѝ се обратил на јавноста. Ова не е точно.

Постот е придружен со напис кој тврди дека бизнисменот Велија Рамковски најавува враќање на телевизијата А1 во етерот.

Тој во видео обраќање до гледачите на телевизијата најави нејзино повторно емитување најпрвин како онлајн телевизија, со можно враќање на малите екрани, стои во написот.

Видеото објавено во текстот за кое се тврди дека преку него Рамковски најавил враќање на А1 телевизија во етерот, го објавила Фејсбук страницата А1 телевизија и истото е старо повеќе од 2 години. Но, во ова видео, Рамковски не најавува враќање на А1 телевизија, туку зборува за состојбата со медиумите во Македонија.

Веста дека Рамковски ќе ја враќа телевизијата, ја демантираше и неговата ќерка, Емел Рамковска. Во изјава за „Слободен печат“ таа вели дека нејзиниот татко не стои зад овој проект, а не е познато ниту дали навистина ќе се појави таква телевизија во етерот.

Ние не стоиме зад тоа, телевизијата нема да биде на Велија. Не знам кои се луѓето, спорна е целата работа и ми делува малку несериозно со целата најава. Тоа не се прави така, но секој сака да искористи од рејтингот на А1, па така би било интересно да се дознае кој стои зад целата работа, и мене ме интересира, вели Рамковска.

Фејсбук страницата А1 телевизија, која најавува наводно враќање на телевизијата во етерот, но во интернет просторот, исто така демантираше дека Велија Рамковски стои зад овој проект.

Би сакале да се оградиме од сите шпекулации поврзани со тоа дека се враќа А1 преку телевизиски сигнал или кој се’ стои зад истата во моментов. Вистинскиот и единствен сопственик кој и е познат на јавноста е Велија Рамковски, но истиот не учествува во позадината на ова реобновено интернет издание на А1 Телевизија!
Нашата цел е на некаков начин да го вратиме духот на дефинтивно најгледаната и влијателна телевизија во Република Северна Македонија, до можеби некогашно вистинско враќање на А1 Телевизија на кое сите заеднички би се радувале.
Целиот A1 Online начин на телевизијата ќе фукцнионира со емитување на online програма, токму онаков начин за кој Велија Рамковски во едно недамнешно интервју за еден медиум изјави: “А1 би била модерна, со поддршка од социјалните мрежи. На пример, направена емисија, или вестите, но тоа да се пренесува и преку социјалните мрежи. Значи мостот меѓу евентуално идна А1 и социјалните мрежи ќе биде многу појасен и побрз“, стои во објавата на фејсбук страницата.

Оттука, останува нејасно кој стои зад оваа Фејсбук страница и објавите. Факт е дека Велија Рамковски не стои зад овој проект и тој не најавува враќање на А1 телевизија во етерот. Поради тоа, постот што го рецензираме го оценуваме како неточен, пишува „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Нема казни за предизвикувањето на шумските пожари

Пожарите, покрај поплавите, се најчестите природни непогоди кои се случиле во земјата во изминатите две децении. Најчесто ги има во периодот меѓу март и септември, што укажува дека се...