fbpx

Вистиномер: Не е точно дека има поврзаност меѓу 5Г уредите и ковид-19

-

Изложеноста на 5Г уреди не предизвикува ковид-19 ниту пак има било какво влијание на процесот на развој на болеста, ниту на исходот од истата. Како што напомена СЗО, треба да се дојде во физички контакт со коронавирусот за да станете инфицирани, а 5Г не може да биде носител на вируси, ниту пак може да ве доведе до контакт со истите, потврдија Интернационалната комисија за заштита од радијација и од Светската здравствена организација, пишува „Вистиномер“ во новата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се прави паралела, дека наводно зрачење со 5Г мрежата, е совршен параван за да се атрибуираат симптомите на ковид-19. Во постот се тврди следното:

29.04.2022. Видео доказ. 5Г радијација, крајно е смрт. Тактика за болни сте од ковид. Во болница сте готови. Ќе ве убијат. Еве… луѓето сфатија. Докторите велат дека се создава вода во градите од радијацијата, што е фатално за пациентот.
Во состав на ова тврдење споделен е и видео материјал кој се однесува на зрачењето и неговите симптоми и последици, меѓутоа никаде во видеото не се посочува дека станува збор за 5Г зрачење. Освен тоа, доколку прецизно се гледа видеото, може да се види дека говорот на лицето кое зборува на почетокот, а е претставено дека е од Институтот за истражување на радиобиологија на вооружените сили, воопшто не соодветствува со неговото отворање на устата.
Дополнително, видеото покажува рентген снимка на пациент со белодробен наод предизвикан од ковид-19, комплетно неповрзана со било какво зрачење. Од 1.56 минута 2.08 минута од видеото, според преводот, кинескиот доктор вели:
Рентгентско зрачење на ковид-19 пациенти. Густината и распореденоста варираат во белите дробови, а различната густина укажува на различни болести. А ова е снимка која покажува ковид-19. Во овие димензии се гледаат остри премини, а контрастот е многу ладен и така знаеме дека тоа е ковид-19.
Сепак, авторот на постот го атрибуира видеото на наводни последици од зрачење на 5Г мрежата.

Фактите сепак, се дека ковид-19 е болест предизвикана од коронавирусот и е респираторна болест, неповрзана со 5Г мрежата и зрачење од било каков извор. Станува збор за вирус кој се пренесува со близок контакт со заболено лице, преку капките од носот и устата, со кивање, кашлање, зборување. Сепак, теоријата на заговор дека ковид-19 е „прикривање” на „последиците од 5Г мрежата” беше и се уште е актуелна, од почетокот на појавата на вирусот до денеска, примарно распространета на социјалните мрежи. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека не е откриено влијание  на оваа мрежа врз јавното здравје.

И по многу направени истражувања, досега не е забележано ниту едно штетно влијание врз здравјето кое е предизвикано од изложување на безжичната технологија, се наведува во објаснувањето на СЗО.

Професорот по инженеринг и радиологија на Њујорк Универзитетот, Теодор Рапапортво интервју за Ју Ес Еј Тудеј изјави дека луѓето треба да се позагрижени да ставаат крема со заштитен фактор против сончеви УВ зраци, отколку за 5Г мрежата и нивните мобилни телефони.

Важно е луѓето да сфатат дека ултравиолетовите зраци од сонцето се со илјадници пати повисока фреквенција отколку 5Г, рече тој.

Интернационалната комисија за заштита од радијација објави дека тврдењето дека 5Г мрежата може да предизвика ковид-19 и да ги засили неговите симптоми не е научно докажано дури ни со најслаби докази и дека таквото тврдење не е возможно.

Изложеноста на 5Г уреди не предизвикува ковид-19 ниту пак има било какво влијание на процесот на развој на болеста, ниту на исходот од истата. Како што напомена СЗО, треба да се дојде во физички контакт со коронавирусот за да станете инфицирани, а 5Г не може да биде носител на вируси, ниту пак може да ве доведе до контакт со истите, напишаа оттаму во официјално соопштение.

Проверувачите на факти на Политифакт пишуваат дека и во региони со мала изложеност на 5Г сепак се случуваат инфекции со коронавирусот.

Ништо не покажува научна поврзаност што ги поврзува електромагнетните зрачења и коронавирусот. Ниту за коронавирусот ниту пак за други човечки вируси, вели професорот по вирусологија на Пурду Универзитетот Ричард Кун за Ју Ес Еј Тудеј.

Труењето со радијација како што пишува Мајо Клиниката во САД, е многу ретко, иако е многу сериозно и честопати фатално. Предизвикано е од големи дози радијација врз организмот а апсорбираната доза одредува колкав ќе биде степенот на болеста.

Во постот што го рецензираме, во споделеното видео на самиот почеток, каде се зборува за симптомите на ова труење, евидентно е дека станува збор за исечок од 2011 година, кога не постоеше ниту коронавирусот, ниту пандемијата со ковид-19.

И покрај тоа што можно е да има симптоми кои наликуваат едни на други, а се однесуваат и на радијација и на ковид-19, тоа не претставува доказ (како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме) за причинско последична врска. Симптомите на радијација и на ковид-19 се предизвикани од различни причинители.

Дополнително во постот се тврди дека во болница пациентите „се убивани”. Вакви несериозни и непоткрепени тврдења имаат потенцијал да предизвикаат сериозни штети како одбивање на пациентите да бараат хоспитализација кога им е потребна.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...