fbpx

Вистиномер: Не е изграден ветениот аква парк во Вевчани

-

„Вистиномер“ го анализираше ветувањето на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски – „Изградба на отворен базен и аква парк“ и дојде до заклучок дека ова ветување е неисполнето.

Подолу го пренесуваме во целост текстот на „Вистиномер“:

Ветување: Изградба на отворен базен, аква-парк во Вевчани.

Изградба на отворен базен, аква-парк со цел збогатување на туристичката понуда на Вевчани.

[Извор: Изборна програма на градначалникот Сашо Јанкоски „Живот во Вевчани за сите“ стр. 17; датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Ветувањето на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски, за „Изградба на отворен базен и аква парк“, наведено како капитален проект во неговата изборна програма, „Живот во Вевчани за сите!“ (стр.17) со која излезе на локалните избори во 2017 година, е неисполнето.

За време на изборната кампања ова ветување беше објавено и на социјалните мрежи, на Фејсбук страницата на СДСМ Вевчани (4 октомври 2017).

Изградба на отворен базен, аква-парк за граѓаните на Вевчани. Со тоа ќе ја збогатиме и туристичката понуда на Општина Вевчани! Живот во Вевчани, за сите!, ветуваше тогаш СДСМ.

За базенот беше предвидена и локација во близина на обиколницата, а според изјавата на градоначалникот Јанкоски, тој требаше да се гради со јавно приватно партнерство. (ТВ Дуел О2 Телевизија 12 октомври 2017)

На 6 јули 2020 година СДСМ Вевчани повторно ја најави реализацијата на проектот, но овојпат во кампањата за предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули минатата година.

ОТВОРЕН БАЗЕН ВО ВЕВЧАНИ!

Долгоочекуваниот проект ќе стане реалност за вевчанци.Градиме по план и тоа го докажавме. Градиме за сите генерации да имаат просперитет и напредок. Градиме за младите да ни останат тука, во Вевчани. Европско Вевчани е нашата реалност, ветуваше СДСМ Вевчани лани пред парламентарните избори.

Но, и покрај бројните ветувања, досега (3.8.2021) во Вевчани не е изграден отворен базен – аква парк.

На официјалниот веб-сајт на Општина Вевчани не пронајдовме ниту една вест која е поврзана со реализацијата на овој проект.

За тоа што се случува со ова ветување, „Вистиномер“ се обрати и до градоначалникот Јанкоски, кој изјави:

Проектот отворен базен беше планирано да се изгради како јавно приватно партнерство со инвеститор од Холандија. Меѓутоа претпоставувам поради ковид кризата или некоја лична причина истиот се откажа од инвестицијата. После тоа како одговорна партија СДСМ го стави во програмата „Можеме 2020 – 2024 ” година, како проект којшто ќе се финансира преку Агенцијата за млади и спорт. Општината во моментов има две – три локации каде истиот би се изградил и се надеваме дека во следниов мандат отворениот базен ќе биде изграден со помош на Владата на Р Северна Македонија заедно со мултифункционалното игралиште за мали спортови кое, исто така, е дел од програмата на Владата.

Со оглед на тоа што се најавува дека отворениот базен во Вевчани допрва треба да се гради, јасно е дека ветениот капитален проект не може да се реализира до крајот на мандатот на Јанкоски, кој завршува за два месеца. Така што, ова негово изборно ветување го оценуваме како неисполнето.

ИЗВОРИ:

Оцени: Соња Рилковска

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...