Премиерот Зоран Заев даде изјава која ј„Вистиномер.мк“ ја оцени како вистинита:

… Должен сум да кажам дека и јас станав еден од оние што во изминатите неколку години се измамени од добро организирана структура. Тоа се структури што извлекуваат придобивки од нови облици, алатки и тактики за медиумска дискредитација и медиумско влијание, најчесто насочени против личности и земји со евроатлантски аспирации. Тоа е еден од оние обиди за директна штета на нашите стратешки интереси да го завршиме процесот за нашето членство во НАТО. Тоа се добро организирани структури за ширење влијание во интерес на трети страни…

[Извор: Влада/Медија центар – прес на З. Заев (од 19.мин)

Иако Заев не даде експликација за своето тврдење, докази за ова се наоѓаат во медиумскиот простор токму во Русија, матичната земја на двајцата измамници кои разговарале со Заев, претставувајќи се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Независниот руски весник „Москоу Тајмс“ (The Moscow Times) уште во март 2016 година објави сторија за двајцата „пранкери“, со симптоматичен наслов: Среќни да бидат оружје: Двајцата руски пранкери ги таргетираат пртивниците на Кремљ.

Двајцата се споиле во 2014 година, потврдувајќи дека веднаш се насочиле кон светот на политиката. Во тоа време кога е работена статијата, двајцата за „Москоу тајмс“ истакнале дека на својата листа имаат четворица претседатели на држави. Украинскиот Порошенко, рускиот Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Молдавија, Николае Тимофти и белорускиот претседател Александар Лукашенко. За да нема забуни зошто Лукашенко, измамата била во тоа што тој бил убеден дека разговара со синот на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, при што се согласил дека би му дал азил.

Двајцата, познати под псевдонимите Вован (Кузњецов) и Лексус (Стољаров), ги демантирале тврдењата веќе раширени во јавноста дека работат за Кремљ, изјавувајќи притоа дека го ценат рускиот претседател, „дека би сакале еден ден да се сретнат со него“ и дека „не би сакале да бидат оружје против руските непријатели“. Но, дали тие се чувствуваат добро да бидат оружје на Кремљ, им поставува прашање авторката на текстот.

„Зошто да не, ако е во линија со она што го чувствуваме“ – одговорил Кузњецов.

И друг руски медиум, еден месец подоцна, во април 2016 „Раша Бијонд“, (The Russia Beyond) објавува разговор со двајцата „пранкери“, со наслов: Обама биди внимателен: Кој е следниот на листата на руските шегаџии?

Севкупниот историјат на нивните измами, дали преку обичен телефонски разговор или преку апликации за комуникација, покажува дека таргет постојано биле лица или земји кои се во конфликт со Русија или во интерес на „трети страни“, како што изјави денеска Заев.

Целата анализа на „Вистиномер.мк“ можете да ја прочитате тука.