„Вистиномер.мк“: Интересот на компаниите во Центар ставен над интересот на сите жители

-

Претседателката на Советот на Општина Центар, Јана Белчева Андреевска ја даде следата изјава која „Вистиномер.мк“ ја оцени како вистина:

Жал ми е да кажам дека се покажува оти јавниот интерес е помалку важен од некои други интереси. Се прави еден правен вакуум во кој граѓаните се ставаат во една незавидна ситуација. Сега се отвора можност да се направи една ненадоместлива штета, материјална штета заради интересите на малкумина. Вредноста на имотот на многумина да падне, во интерес на малкумина. Ако се спроведат овие урбанистички планови за кои сме докажале дека не ги почитуваат основните урбанистички стандарди, дека не гарантираат безбедно и хумано живеење, за 30 дена ќе се направи ненадоместлива штета.

[Извор: МКД– Јана Белчева: Одлуката на Уставен…– датум: 21.03.2019]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Изјавата на првата жена на Советот на Општина Центар, Јана Белчева Aндреевска, уследи по објавувањето на вчерашната одлука на Уставниот суд за времено укинување на мораториумите на повеќе детални урбанистички планови на Општината, кои беа воведени уште на крајот од 2017 г., кога на власт во таа Општина победи СДСМ и градоначалникот Саша Богдановиќ. Градоначалникот со тоа практично го спроведе изборното ветување дадено и на писмено во својата предизборна програма „План за живот“ во Општина Центар, за што Вистиномер минатата година даде оценка исполнето.

Целиот текст прочитајте го на „Вистиномер.мк“.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...