fbpx

„Вистиномер“: Мицкоски прогласи изборна победа со помалку освоени гласови од противникот

-

Откако Државната изборна комисија објави прелиминарни резултати од гласањето во рамки на првиот круг од претседателските избори, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прогласи изборна победа, што всушност претставува невистинито тврдење од проста причина што бројките говорат нешто спротивно, оценува „Вистиномер.мк“.

„Но, тоа е спротивно на официјалните податоци од спроведените избори, кои покажуваат дека Силјановска – Давкова освоила помал број на гласови во споредба со противкандидатот на владејачката коалиција Стево Пендаровски. Притоа, иста е ситуацијата и во битката за градоначалник на Охрид, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошески освои помалку гласови во споредба со неговиот противкандидат од СДСМ Константин Георгиевски. Единствено, ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали со победа во првиот круг во Ново Село“, пишува „Вистиномер.мк“.

Целата анализа може да ја прочитате на овој линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...