Вистиномер: Градската капела во Тетово сè уште не е пуштена во употреба

-

Во продолжение ја пренесуваме оценката на „Вистиномер“ за ветување за Тетово:

Ветување: Во овој момент се врши исправка и надоградба на недостатоците коишто беа констатирани и очекуваме дека до крајот на месецов (август н.з.) капелата ќе биде пуштена во употреба, при што грижата за управување со капелата ќе биде доделена на новото Јавно претпријатие градски православни гробишта Тетово, изјави Александра Савеска, заменик-директор на ЈКП Тетово

[Извор: Телевизија Кис и Менада – изјава на Александра Савеска (од 10,50 минута до 11,13 минута); Датум: 21.08.2021 г.]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

На 21.08.2021 година од Јавното комунално претпријатие Тетово ветија дека капелата којашто се наоѓа во склоп на старите православни гробишта, ќе биде пуштена во употреба на крајот на август. Александра Савеска, заменик-директор на ЈКП Тетово, во изјава за медиумите најави дека „до крајот на месецов (август н.з.) капелата ќе биде пуштена во употреба“. Но, наспроти ветеното, градската капела и по речиси четири месеци од дадениот рок не е пуштена во употреба, па ветувањето го оценуваме како неисполнето.

Александра Савеска, заменик-директор ЈКП Тетово Фото: Вистиномер

Капелата беше изградена пред три години, но таа не беше ставена во функција поради технички пропусти, односно несодветната комора ладилник  каде треба да се чуваат телата на починатите.

Комора од капелата во Тетово Фото: Вистиномер

Но, ова не е прво ветување дека капелата ќе биде пуштена во употреба. Тоа го ветуваше и претходната градоначалничка Теута Арифи.  На 9 декември 2019 година, Арифи по средбата со митрополитот тетовско-гостиварски, Јосиф, изјави дека „капелата наскоро ќе биде предадена во употреба“. Сепак, тоа не се случи.

Инаку, градската капелата беше тема за расправии помеѓу советниците од ВМРО-ДПМНЕ и претходната градоначалничка Арифи уште во нејзиниот прв мандат. А, поради неисполнетото ветување за изградба на градска капела, во  септември 2016 година во Тетово беше организиран и протест, пишува „Вистиномер“.

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено,...