fbpx

Вистиномер: „Глобалистите“ не туркаат агенда за легализација на канабисот во Украина – идејата е од пред руската инвазија

-

Уште пред воената инвазија на Русија врз Украина, постоеле обиди и формални механизми кои биле користени за да се легализира медицинската употреба на медикаменти базирани на канабис во Украина. Во постот што го рецензираме, не постои никаков доказ дека глобалистите истуркале наводна агенда за канабис во Украина. Впрочем, се пропушта контекстот во постот што го рецензираме, на начин што се прикрива информацијата дека легализацијата, како прво, не е помината во украинскиот парламент, а како второ, не станува збор за легализација на марихуаната за рекреативна, туку за медицинска употреба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека Украина ја легализирала марихуаната и дека тоа е дело на глобалистите.

Во сета гужва, Украина ја легализираше марихуаната. И воведе задолжителен минимален доход, примања. Што говори дека пласирањето на марихуаната е дело на глобалистите. Таман како беше таа: Ке немате ништо и ке бидете среќни. Сега е јасно како ке се изведе тоа, пишува во постот што го рецензираме.

Истиот ден кога е објавен постот, Киев Пост објави дека министерот за здравство на Украина, Виктор Лиашко, информирал дека медицинскиот канабис ќе се легализира во Украина.

На 7 јуни 2022 година, кабинетот на министрите на Украина одобрил нацрт закон за регулација на циркулацијата на стебла од канабис за медицински, индустриски, научни и научно технички причини, за да се креираат услови за проширување на достапноста на овие растенија до пациентите за третман од канцер и нарушување на пост трауматски стрес предизвикано од војната, пишува Киев Пост.

Министерството за здравство, според написот од украинскиот медиум, ги разбира негативните ефекти на војната врз менталното здравје и знае дека ќе се појават огромен број луѓе кои ќе бараат медицински третман. Лиашко подвлекол дека Владата ќе ги подготвила правните основи за да осигура целосен циклус на производство на лекови базирани на канабис во Украина, од култивација и процесирање, до целосно производство. Но, продажбата на лекарства базирани на канабис, ќе биде строго регулирана.

Медикаментите од канабис не се конкуренција на лековите и мерките за регулација на нивната употреба се целосно поинакви. Медицинскиот канабис содржи канабидиол, кој нема психоактивен ефект, така што не е за рекреациска употреба, рече Лиашко.

Тој додаде дека лекарствата базирани на канабис се користат за намалување на болката, мускулните спазми, да се третира анорексија, посттрауматски стрес и анксиозни нарушувања. Исто така, тие се користат за третирање одредени видови на епилепсија, глаукома, псоријаза, паркинсонова болест и мултиплекс склероза. Важна задача на овие лекарства е да ја намалат болката и страдањето кај критично болни пациенти, вклучително оние кои имаат канцер и ХИВ.

Нацрт законот сега чека на одобрување во украинскиот парламент каде ќе бидат потребни 226 гласови за да помине. Сличен нацрт закон за употреба на медицински канабис, не помина во украинскиот парламент на 13 јули 2021 година, и беше препратен на доработка.

Значи, уште пред воената инвазија на Русија врз Украина, постоеле обиди и формални механизми кои биле користени за да се легализира медицинската употреба на медикаменти базирани на канабис во Украина. Во постот што го рецензираме, не постои никаков доказ дека „глобалистите“ истуркале наводна агенда за канабис во Украина. Впрочем, се пропушта контекстот во постот што го рецензираме, на начин што се сокрива информацијата дека легализацијата, како прво, не е помината во украинскиот парламент, а како второ, не станува збор за легализација за рекреативна, туку за медицинска употреба.

Уште на 7 април 2021 година, Украина делумно ја легализираше употребата на производи од канабис за медицинска употреба.

Тогаш кабинетот на министри ја направи легална употребата на дронабинол и набилон, кои се синтетички слични на канабис хемикалии, како и екстрактот од канабис, набиксимол.

Употребата на овие супстанци е дозволена само во форма на медицински супстанци со намера да се произведуваат медицински лекови. Главната психоактивна компонента на канабисот тетрахидроканабинол ТХЦ, не беше прогласена за легална.
Дронабинолот и набилонот се произведуваат синтетички и ги имитираат ефектите на ТХЦ. Дронабинол се користи за да се третира загубата на апетитот која предизвикува губење на тежината кај пациентите со СИДА, како и повраќањето и мачнините кои се јавуваат за време на хемотерапијата. Легален е во САД, Австралија и Германија. Набилон примарно се користи за третирање на мачнини предизвикани од хемотерапија и е легална во Канада, САД, Обединетото Кралство и други држави. Набиксимол се продава како спреј за уста и се користи за третирање на симптоми на мултиплекс склероза, невропатска болка, спазми кои ги афектираат говорот и движењето. Легален е во 16 држави како во Канада и делови од Европа.

Да се биде фатен со поголема количина канабис, се уште е криминал во Украина дури и ако се нема намера истиот да се продава. Лимитот за поседување канабис без да се сноси кривична одговорност е 5 грама канабис.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека се пропушта контекстот во постот што го рецензираме, затоа што не е декриминализирана целосната употреба на марихуаната во Украина како што се сугерира во постот што го рецензираме, туку само употребата на медицинска марихуана и тоа под строго утврдени критериуми. Законот сè уште не е изгласан во Собранието во Украина и е само поддржан од Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...