fbpx

Вистиномер: Фалсификувана Фејсбук страница на „Техномаркет“ споделува лажна наградна игра

-

Во постот објавен од страница насловена како „Техномаркет Фанс“ се лажат и манипулираат граѓаните дека компанијата Техномаркет ќе донира 100 машини за перење. Вистиномер се обрати во Техномаркет од каде ни потврдија дека станува збор за лажна објава и дека страницата не е нивна. Тие за оваа измама објавија известување на нивната официјална Фејсбук страница, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук споделува објава за наводна наградна игра на Техномаркет Македонија, продавница за продажба на бела техника. Во постот објавен од страница насловена како „Техномаркет Фанс“ се лажат и манипулираат граѓаните дека компанијата Техномаркет ќе донира 100 машини за перење. Она што се бара од следбениците на страницата е да го споделат постот, да коментираат на истиот и да се регистрираат на извесен линк. Станува збор за Фејсбук страница креирана на 13 јуни која за два дена доби речиси 4.000 следбеници.

Во објавата за наводната наградна игра се наведува:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Среќни сме да објавиме дека ќе донираме 100 машини за перење кои повеќе не можеме да ги продадеме поради мали гребнатинки и помали оштетувања при транспорт. Значи, не сакаме да го трошиме ова. Сите овие машини за перење сè уште работат многу добро. Така ќе избере победник по случаен избор кој ќе сподели и ќе коментира на оваа објава и ќе кликнете на овој линк  https://tinyurl.com/5napyths за да се регистрирате и да станете победник на овој настан

Направете го тоа сега пред да заврши овој натпревар, со среќа на сите.

Доколку го отворите линкот оставен за регистрација, ќе видите дека на истиот го има официјалното лого на Техномаркет Македонија и нивни фотографии.

Во коментарите под постот, на различни прашања од следбеници, следува еден ист одговор од страницата:

добредојдовте на нашиот настан за да можете да победите, мора да ја споделите оваа објава со 10 до 20 групи што ги имате и следете ја оваа страница направете го тоа сега

Постот има 3,3 илјади коментари и 5,8 илјади споделувања.

На официјалната Фејсбук страница на Техномаркeт Македонија, објава со ваква содржина не може да се најде.

Вистиномер се обрати во Техномаркет од каде ни потврдија дека станува збор за лажна објава и дека страницата на Фејсбук „Техномаркет фанс“ не е нивна.

Тие за оваа измама објавија известување на нивната официјална Фејсбук страница страница:

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

Почитувани потрошувачи,

ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА Ве известува дека се појави лажна Фејсбук страница која го користи името и логото на нашата компанија и со лажна наградна игра се обидува да ги злоупотреби Вашите лични податоци и да Ве доведе во заблуда.

Името на оваа страна е TehnoMarket FANS, доколку веќе сте споделиле Ваши податоци со оваа страна веднаш избришете ги и страната пријавете ја кај администраторите на Фејсбук, а доколку се сомневате дека оставените податоци се веќе злоупотребени известете го одделот за компјутерски криминал при МВР.

ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје се оградува од сите дејствија настанати преку лажната Фејсбук страница. Ве предупредуваме да не наседнувате, да не оставате Ваши податоци и да не учествувате во наградната игра зад која не стои официјалната страница на Техномаркет.

Единствена Фејсбук страница на Техномаркет Македонија е https://www.facebook.com/TehnomarketMakedonija/

а лажната страница е пријавена кај надлежните органи.

Со почит,

Техномаркет Македонија ДООЕЛ Скопје

 

Имајќи предвид дека самата ФБ страница e сомнителнa, како и фактот што компанијата „Техномаркет Македонија’’ демантираше дека се организатори на наградната игра, постот го оценуваме како невистинит и измамнички.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...