fbpx

Вистиномер: Дигитално создадена фотографија претставена како да е „моделот“ од кој е инспирирана Статуата на слободата

-

Фотографијата споделена во постот што го рецензираме не е инспирација за Статуата на слободата ниту е од Изабела Бојер. Станува збор за фотографија создадена по дигитален пат и претставува приказ на тоа како би изгледала Статуата на слободата кога би била вистинска личност. Сликата е креирана дигитално од артистот Бас Утервијк во 2021 година како дел од серијалот на портрети креирани со вештачка интелигенција. Нема дефинитивна потврда кој е „моделот“ кој го користел скулпторот кога ја дизајнирал Статуата на слободата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во којшто се споделува фотографија за која се вели дека е од жената која е инспирација за изградбата на Статуата на слободата.

Убава приказна за тоа како вдовицата на творецот на машини за шиење „Сингер“ ѝ го подари лицето на Статуата на слободата.  Животот на Изабела Боје е како возбудлив роман. Родена во Париз, во семејство на слаткар од Африка и мајка Англичанка. Ја нарекле Изабела, име на девојка на која природата и подарила посебна убавина.
Таа стана модел на многу млада возраст.
На 20-годишна возраст се омажила за 50-годишниот производител на машини за шиење Исак Сингер и по неговата смрт станала најбогатата жена во Франција. Не е ни чудо што таа беше избрана за модел за Статуата на слободата, олицетворувајќи го сонот на американските доселеници.
По смртта на Исак Сингер,  Изабела патувала низ светот во потрага по нови познаници. Таа се омажи за холандскиот виолинист гроф Виктор Робштет. Така, Изабела стана грофица – ѕвезда на социјалните салони во Америка и Европа, поканета на сите социјални настани.
На една од нив, таа го запознала познатиот француски скулптор Фредерик Бартолди, кој во тоа време бил длабоко импресиониран од неговото патување во САД, од обемот на земјата, од нејзините природни карактеристики, од луѓето таму.
Тој ја прифати понудата да се создаде статуа што ја симболизира независноста на САД. Скулптурата требаше да биде подарок од Франција за комеморација на 100-годишнината од независноста на земјата. Идејата била џиновската статуа да претставува жена со факел во едната рака и табла во другата, на која ќе се напише датумот на усвојувањето на Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави. Бартолди, импресиониран од убавото лице на Изабел, реши да ја искористи како модел за својата скулптура.  И така, на островот Бедлоу во заливот Њујорк, беше поставена Статуата на слободата со фигура на античка божица, но со лицето на Изабела Боје-Сингер. Избела се омажи по трет пат на 50-годишна возраст за Пол Сохеге, познат колекционер на скапи уметнички дела. Тој доживеа 62 години и умре во 1904 година во Париз,  се раскажува во постот што го рецензираме.
Меѓутоа, фотографијата во склоп на постот не е од Изабела Боје. Исто така, постојат повеќе верзии за тоа која жена е инспирација за ликот на Статуата на слободата, така што не е сигурно дека токму таа била инспирација за статуата. Како што пишува „Сноупс“, фотографијата, што се споделува и во постот што го рецензираме,  не е фотографија од вистинска личност. Станува збор за дигитално креирана фотографија на која е претставено како Статуата на слободата би изгледала кога би била вистинска личност. Понатаму, иако некои сугерираат и тврдат дека Изабела Бојер Сингер (а не Изабела Боје како што неточно се нарекува во постот што го рецензираме), била личноста модел за Статуата на слободата, ова не е потврдено. Честиот консензус е дека лицето на Статуата на слободата е моделирано по мајка му на скулпторот Фредерик, Аугусте Бартолди.
Уште во март 2022 година, сликата на којашто наводно се наоѓа Изабел Бојер Сингер циркулира на социјалните мрежи заедно со тврдењето дека таа е оригиналниот модел на Статуата на слободата.
Но, ова не е фотографија од Изабела Бојер Сингер, фактички воопшто и не е фотографија. Сликата е креирана дигитално од артистот Бас Утервијк во 2021 година како дел од серијалот на портрети креирани со вештачка интелигенција.
Утервијк во интервју за Bored Panda го објасни процесот на следниот начин:
Овие модели за длабинско учење се „обучени“ со илјадници фотографии од човечки ликови и се способни да креираат речиси фотореалистични луѓе од ништо или да создадат модел од веќе објавени лица согласно тоа што моделот го научил. Мислам дека човечкото лице не се има драматично променето илјадници години освен фризурата и шминката, луѓето кои живееле одамна веројатно изгледале многу слично како нас, но ние сме научени да ги гледаме во дисторзираните стилови на древните уметнички форми кои постоеле пред да биде измислена фотографијата, вели тој.

Погоре може да видите фотографија од Утервјик креирана базирано на автопортрет на Винсент Ван Гог.

Виралната слика е компјутерски генерирана и претставува приказ на тоа како би изгледала Статуата на слободата кога би била вистинска личност, а не е фотографија од Изабел Бојер Сингер.

Но, дали Изабел Бојер Сингер е навистина моделот за фамозната статуа?

Статуата на слободата беше креирана од скулпторот Фредерик Аугусте Бартолди во 1886. Нема дефинитивен одговор на прашањето кого Бартолди го користел како модел, но повеќето историски извори велат дека лицето на статуата на слободата е на мајката на Бартолди.

Можно е Бојер Сингер да била моделот за торзото на Статуата на слободата. Иако ова тврдење се споделува со децении, нема докази за дефинитивно да се потврди. Бојер Сингер била мажена со Исак Мерит Сингер, креаторот на Сингер машината за шиење сè до неговата смрт во 1875. Тогаш според гласините, Бојер Сингер се запознала и се омажила за Бартолди, кој подоцна ќе ја искористи нејзината фотографија како делумна инспирација за скулптурата. Иако е можно да има ронка вистина во овие тврдења, фотографијата во постот кој го рецензираме дефинитивно не е фотографија од Бојер Сингер.

Енигмата за тоа кој е идентитетот на жената што го инспирирала авторот на Статуата на слободата, со децении стимулира шпекулации кои дури и го поврзуваат моделот со робинка.

Некои сајтови го споделуваат верувањето дека Бојер Сингер е моделот за статуата, други дека е мајката на скулпторот, а трети дека инспирација била римската божица Либертас

Фотографијата во постот што го рецензираме е креиран портрет со вметнување на повеќе различни фотографии во мрежа која користи и слики од реални луѓе и насликани лица, вели авторот на графички креираната фотографија. 

Тој за „Ројтерс“ вели дека никогаш не користел фотографија од Изабела Бојер во неговата реконструкција.

Вистинска фотографија од Бојер Сингер може да се види овде и не наликува на сликата споделена во постот.

Бев инспириран од можноста да креирам фотографии од луѓе кои или живееле пред да биде измислена фотографијата или никогаш не биле вистински, вели артистот во одговор за „Ројтерс“, објаснувајќи како настанала сликата.

Според „Британика“ пак, оригиналниот модел за Статуата на слободата кој го инспирирал скулпторот е фигура на египетски просјак. Тврдењето во постот што го рецензираме, дека на сликата е жената инспирација за Статуата на слободата е побиено и овде.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека фотографијата споделена во постот што го рецензираме не е инспирација за Статуата на слободата ниту е од Изабела Бојер. Станува збор за фотографија создадена по дигитален пат. Нема дефинитивна потврда кој е „моделот“ кој го користел скулпторот кога ја дизајнирал Статуата на слободата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...