fbpx

Вистиномер: Амбасадорот на Русија во ОН не кажа дека Трамп бил соборен со договор на Германија, Франција и Полска

-

Во видеото споделено во постот рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, зборува за поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, а не за поранешниот пртседател на САД, Доналд Трамп. Тврдењето дека Небензија зборувал за Трамп е погрешна интерпретација на она што амбасадорот навистина го кажал. Грешката потекнува од твит од вебсајтот „Рикаунт“, подоцна тие го избришаа оригиналниот твит и објавија исправка во која посочуваат дека Небензија е изваден надвор од контекстот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека на 26 март годинава, рускиот амбасадор во ОН, наводно рекол дека Доналд Трамп е легитимно избраниот претседател на САД.

Рускиот амбасадор во ОН вели дека Доналд Трамп е легитимно избраниот претседател на Соединетите држави.Тој беше соборен со договор на Германија, Франција, Полска, со поддршка на САД! Русија знае дека Џо не победи на изборите во 2020 година! Тие беа украдени среде ноќ од демократите со помош на гласачките машини за доминион!, се тврди во постот што го рецензираме.

Постот е исклучително вирален, споделен е 24 пати и има повеќе од 100 допаѓања во моментот на изработка на оваа рецензија (29.03.2022).

Во поткрепа на тврдењето искажано во постот, споделено е  видеото од рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, кој наводно тврди дека „претседателот Доналд Трамп е исфрлен“.

Но, фактите се дека Небензија во видеото зборува за поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, а не за Трамп.

Тврдењето дека Небензија зборувал за Трамп е погрешна интерпретација на она што амбасадорот навистина го кажал. Уредникот на Мрежата за известување за организиран криминал и корупција, Метју Куфпер на Твитер истакна дека Небензија зборувал за поранешниот украински претседател Виктор Јанкович, а не за Трамп.

Јанкович, инаку,  ја напушти Украина во текот на револуцијата во 2014 година и беше осуден во 2019 година.

Оскар Горзински, известувач од САД за полската медиумска агенција, исто така, посочи дека информацијата за Трамп е неточна:

„Ништо не се спомнува за нелегалниот државен удар во Киев во февруари 2014 година, со посредство на Германија, Франција и Полска и со поддршка на Соединетите држави, кога беше соборен легитимно избраниот претседател ( претседателот на Украина)“, напиша тој на Твитер.

Грешката потекнува од твит од вебсајтот „Рикаунт“. Тие го избришаа твитот кој оригинално го објавија и објавија исправка во која посочуваат дека Небензија е изваден надвор од контекстот.

„За ваша информација, го избришавме твитот во кој рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија беше изваден надвор од контекст. Начинот на кој неговата реченица беше структурирана и преведена не збуни. Не го земаме ова несериозно и искрено жалиме за грешката. Благодариме“, напиша „Рикаунт“.

„Бизнис Инсајдер“, „Њузвик“ и „Дејли Бист“ објавија статии базирани на погрешниот превод, но подоцна ги поправија своите текстови за да појаснат дека Небензија мислел на Јанкович, а не на Трамп.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека амбасадорот на Русија во ОН кажал дека Доналд Трамп е легитимно избраниот претседател на САД и дека тој бил соборен со договор на Германија, Франција и Полска, со поддршка на САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...