„Вистината за Бади“ – краток филм на средношколци од Гевгелија за моќта на медиумската кампања

Средношколци од Гевгелија изработија краток игран филм насловен „Вистината за Бади“. Филмот ја прикажува моќта на една медиумска кампања и едностраната вистина, кои придонесуваат за потенцијална животна штета врз маалскиот миленик Бади.

Филмот е во продукција на Центар за едукација, култура и активизам Мултус, Гевгелија и ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија и е работен како дел од проектот „Сите вистини на вестa“.

Проектот „Сите вистини на веста“ е дел од проектот Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, спроведуван од Фондација Метаморфозис и Еуротинк – Центар за европски стратегии.

Филмот ќе биде онлајн прикажан во 18:00 часот, на официјалната фејсбук страна на Центар Мултус.