Високото јавно обвинителство Гостивар ја врати на повторно разгледување пријавата на градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами против поранешната градоначалничка Теута Арифи. Предметот се однесува на оштетувањето на општинскиот буџет од повеќе од еден милион евра за случајот за експропријација која изнесува 50 илјади евра, но поради доцнење, камата и ненавремено спроведени процедури во случајот, буџетот на Општината е оштетен за над еден милион евра, пишува Portalb.mk. 

Претходно, тетовското обвинителство одлучи да го отфрли овој предмет, но Општина Тетово поднесе жалба до Вишото обвинителство Гостивар. 

„По донесувањето на одлуката на Основното јавно обвинителство Тетово за отфрлањето на кривичната пријава, оштетената Општина Тетово ја искористила законската можност и поднела жалба до Вишото јавно обвинителство Гостивар. Највисокото обвинителство ја прифатило жалбата и го поништило решението, а потоа го вратило предметот со наредба да се спроведе ново вештачење и да се испраша лицето. Одлуката на Вишото јавно обвинителство Гостивар е доставена и по неа ќе се постапува“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство за Portalb.mk.  

Од друга страна, градоначалникот на Тетово Билал Касами во изјава за Алсат коментирајќи го овој случај вели дека судството, кое го нарече „заробено“, нема преземено никакви мерки.  

„Ова е еден од најтипичните случаи на злоупотреба на буџетски средства за предметот за експропријација, кој всушност бил проценет на околу 50 илјади евра, додека од Општина Тетово биле земени над милион евра. Ги следевме сите судски постапки, но за жал, заробеното судство досега не презеде мерки. Но, се гледа светлина на крајот од тунелот. Деновиве добивме позитивен одговор од Вишото обвинителство Гостивар, кое наложува тетовското обвинителство да поднесе кривична пријава за организирана група против сите инволвирани во овој предмет. „Првично бевме во комуникација со адвокатот што ја застапуваше Општина Тетово, тој се оправдува дека не презел чекори бидејќи некој од Општина Тетово му дал упатства да не постапува по овој предмет“, рече Касами. 

Инаку, станува збор за случај за експропријација на парцела од 80 метри квадратни, која била одземена од странката, која започнала во 1988 година, при што Општината на сопственикот му исплатила 50 илјади евра, но тогаш сопственикот ја тужел Општината за цената, и овој случај бил одолговлекуван низ институциите до 2015 година, а на Општината ѝ биле наплатени над 1 милион евра камата. Апелациониот суд во јануари 2023 година донесе одлука во корист на странката. Но, Општината не се откажа од тужбата. 

 

Текстот е подготвен во рамките на проектот „Граѓаните во акција: За подобри локални услуги без корупција“. Проектот е реализиран со поддршка на програмата „Граѓаните против корупцијата“, која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Центарот за граѓански комуникации, Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, Стопанската комора на Северна Македонија, 360 степени, Лабораторијата за истражувачко новинарство во Македонија и Балканската мрежа на истражувачко новинарство во Македонија. Финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД.