fbpx

Високите температури ги разгореа пожарите, апел до граѓаните да бидат внимателни во шума

-

Граѓаните да внимаваат при посета на шуми и паркови и да се воздржуваат од активности кои можат да предивикаат пожари, апелираат од Националниот парк „Шар Планина“. Поради настапувањето на топлотниот бран и високите температури има голема опасност лесно да се запали шума, заради што од паркот информираат дека забрането е палење оган, подготовка на скара на неозначени места за таа намена, фрлање догорчиња од цигари и секаков лесно запалив отпад и материјал.

Во текот на изминатите неколку денови на територијата на целата земја се појавија пожари на повеќе локации. На потегот помеѓу селата Митрашинци и Будинарци гореше голема површина со дабова и нискостеблеста шума, што го гаснеа 36 пожарникари со осум возила, а беше активиран и авионот AIR TRACTOR за гасење на шумски пожар. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека овој пожар е локализиран, а во текот на денот на теренот ќе биде направена контрола и ќе дежураат и екипи од Малешево Шумско Берово.

Пожарникарите од Старо Нагоричане вчера гаселе пожар на помошен објект полн со огревни дрва и трупци, кој потоа се проширил и ја зафатил околната нискостеблеста шума на површина од три хектари во село Стрезовце. Според Центарот за управување со кризи од Куманово, кумановската противпожарна единица, изминатово деноноќие гасела пожар и во месноста „Ливади“ во населбата Карпош, каде горела сува трева и ѓубре.

Пожар избувна и на депонијата „Врадариште“ во Скопје, а според информациите од скопската Бригада за противпожарна заштита, пожарот го гаснеле две противпожарни возила. Поради високите температури се самозапали и депонијата „Трештена Скала“ во Штип, откако гореше и пред неколку дена, кога несовесен граѓанин во неа исфрлил индустриско масло.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...