Висок раст на цените на становите во Охрид, Битола и Гази Баба (инфографик)

-

Гази Баба, Охрид и Битола се рекордери по пораст на просечната цена на станбениот квадрат за период од една година, покажа анализата на Мета.мк на податоците од регистрите на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижнини за перидот јули-септември 2018 и 2019 година. Ви овие три града, цената на метар квадратен во периодот од јули до септември 2019 година во споредба со истиот период лани е зголемена за над 10%.

Во овој едногодишен период просечната цена на квадрат станбена површина во општина Гази баба се зголемила за 18,2% односно за 6.945 денари, во Охрид за 17,2% односно за 6.819 денари, а во Битола за 12,3% или 4.069 денари.

Според податоците на катастарот, од вкупно 13 рангирани општини, пораст на просечната цена на становите има во седум општини, а намалување во шест општини.

Најизразен пад на цената во истиот период има во општина Штип и тоа од над 20%, потоа во Кисела Вода каде просечната цена на продадените станови во третото тримесечје од минатата година паднала за 15% или 8.473 денари во однос на истиот период од 2018 година.

Мета.мк веќе пишуваше дека заклучно со септември минатата година, на целата територија на државата има 6.368 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности.

„Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 11.950 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови“, пишува во извештајот на катастарот.

Инаку, најголем број продадени станови во периодот јули-септември, минатата година има во општина Карпош, односно во овој период се продадени 239 станови, додека пак најголем број продадени куќи има на територијата на општина Битола, односно во овој период се продадени 30 куќи.

Статистиката покажува дека становите во Карпош биле најпродавани иако имале највисока просечна цена од 60.398 денари за квадрат.

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани...