Виртуелен саем за студии во Франција ќе се одржи в среда

Фпото: Француски институт во Скопје

Во организација на Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование „Кампус Франс“, в среда 15 декември 2021 година, од 10 до 18 часот, ќе се одржи виртуелен саем за студии во Франција.

Овој настан претставува можност за македонските средношколции и студенти, да ги добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција.

Универзитетските професори, пак, преку саемот ќе имаат можност да остварат универзитетска соработка.

За да се следи саемот, потребна е претходна регистрација на платформата на која ќе се одржува настанот на следниов линк.