„Виндоус 10“ ќе зазема само мал дел од уредите

-

„Мајкрософт“ неодамна откри дека „виндоус 10“ ќе има нов систем на компресија на датотеки, што ќе му овозможи на оперативниот систем да зазема помал простор на сите компјутери, таблети и на телефони. Од „Мајкрософт“ велат дека „виндоус 10“ ја вклучува и компресијата, која ќе му врати на корисникот приближно 1,5 гигабајти простор за 32- битната верзија, односно околу 2,6 гигабајти за 64-­битна верзија.

За телефоните што ќе бидат надградени на „виндоус 10“, не постојат конкретни цифри, бидејќи тие ќе се разликуваат од уред до уред. Кај компресијата на системот, најголемо влијание имаат РАМ-меморијата и процесорот.

„Виндоус 10“ ќе го анализира количеството на РАМ-меморијата и на процесорот за секој уред и ќе одлучува дали ќе може да се изврши компресија на системот за да се искористи и да се овозможи дополнителен систем на локалните дискови. Целта на сето ова е компресијата на системот да се искористи без последици врз перформансите на системот, така што сите споменати задачи се извршуваат во заднина.

Руските власти уапсиле 100 лица во рации поврзани со перење пари од сајбер криминал

Руските власти објавија апсење на речиси 100 лица поврзани со платежниот систем „UAPS“ и системот за размена на криптовалути „Криптекс“ во истрагата за перење пари поврзани со сајбер криминал. Главниот...