Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на синоќешната церемонија на доделување „Оскари“

Фото: Колаж од Јутјуб видео на Гардијан

Актерот Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на Оскарите, откако комичарот се пошегува на сметка на болната сопруга на Смит, Џејда Пинкет Смит.

„Џејда, едвај чекам да го гледам вториот дел на ‘Џи-ај Џејн’!“ рече тој, во очигледна референца за нејзината избричена глава – што е резултат на состојбата со губење на косата поради алопеција.

Иако Смит отпрвин се смееше, неговата сопруга не беше одушевена од коментарот. Па Смит одеднаш отиде на сцената и го удри Рок. Враќајки се на своето место извика: „Не го спомнувај името на мојата сопруга со твојата проклета уста“.

„Вил Смит штотуку ми удри шлаканица“, рече шокираниот Крис откако ја доби шлаканицата.

Минатата година Џејда ја обелодени својата одлука да ја избричи главата откако се бореше со алопеција.

Во текот на својот говор за прифаќање на „Оскарот“ за најдобар актер во филмот „Кралот Ричард“, Вил се извини за инцидентот на сценaта, најпрво на американската Академија за филм, науки и уметност, а потоа и на номинираните колеги.

„Сакам да бидам посредник за љубовта, сакам да им се заблагодарам на Венус и Серена, на целото семејство Вилијамс што ми ја доверија приказната. Тоа е она што сакам да го правам, да бидам амбасадор на љубовта, грижата, вниманието. Сакам да се извинам на Академијата и на номинираните, ова е прекрасен момент и не плачам затоа што ја добив наградата. Не се работи за тоа, потребно е сите други луѓе да се осветлат со светлина. Уметноста го имитира животот, сега изгледам како тој „лудиот татко“. Но, поради љубов луѓето прават луди работи. Многу работи се многу комплицирани за мене, но – ви благодарам за оваа чест, на овој момент, ви благодарам во името на Ричард и во име на целото семејство Вилијамс. Се надевам дека Академијата повторно ќе ме покани“ рече Смит плачејќи.