Викторија Постоловска е нов студентски правобранител на УКИМ

УКИМ
Филозофски и Филолошки факултет, УКИМ / фото: Мета.мк

Студентката Викторија Постоловска од Филолошкиот факултет при УКИМ е избрана за нов студентски правобранител на овој универзитет, соопштија од Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ). Постоловска е студентка во четврта година на студиската програма англиски јазик и книжевност.

Новиот студентски правобранител вели дека е спремна да се спротивстави на секаков обид за угнетување на студентските права.

„Причината позади мојата кандидатура за студентски прсвобранител извира од сопственото убедување дека извесноста на основната живототворна сила во едно општество припаѓа и потекнува од самите студенти чии права мора да бидат актуелизирани, уважени и заштитени“, вели Постоловска.

Мандатот на студентскиот правобранител трае две години без право на реизбор. Досега оваа функција ја вршеше Теа Мицевска.