fbpx

Виктор Димовски и на Владата ќе и објаснува како Онишченко добил пасош

-

По случајот со контроверзниот Украинец Олександер Онишченко, кои иако бил на црната листа на САД, сепак добил македонски пасош, директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски веројатно утре ќе треба да реферира на седница на Владата, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој е категоричен дека мора да се утврди одговорноста за доделувањето државјанство на Украинецот, кое, инаку, е одобрено по четири позитивни мислења од различни институции доставени до Владата.

АНБ дала позитивно мислење за украинецот да добие македонско државјанство.
Онишченко е македонски репрезентативец во коњички скокови, а иницијативата да му се даде македонско државјанство дошла од Федерацијата за коњички спортови.

Во октомври, Онишченко, кој има и руско државјанство, се натпреварувал под македонското знаме.

Инаку, во петокот, директорот на АНБ, во петокот учествуваше на затворената седница на собраниската Комисија за надзор на работата на безбедносните служби.на сослушување, од каде, во јавност беа пуштани снимки од тоа што го зборуваше, иако станува збор за недозволен пренос.

Директорот на АНБ: Без консултација со НАТО, дадена е согласност за издавање државјанство на Онишченко

Виктор Димовски по седницата за медиумите кажа дека не биле испочитувани во целост нивоата на проверка, односно не била извршена консултација со НАТО алијансата во однос на издавањето пасош на контроверзниот украински бизнисмен Олександр Онишченко. Десет припадници на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ставиле потпис за тој да добие македонско државјанство, но еден од нив го ставил потписот без да го направи последното ниво на безбедносна проверка со НАТО, рече Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...