fbpx

Викендов СДСМ ќе ги разгледува кадровските решенија за техничка влада

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членката на извршниот одбор на СДСМ, Сања Лукаревска, попладнево се сретна со Данијела Баришиќ, новоименуваната амбасадорка на Хрватска во Македонија.

Тема на состанокот беа чекорите во процесот на потребната разврска на политичката криза во Македонија и искуствата што може да ги искористи Македонија од Хрватска за враќање на демократските процеси во нормален колосек.

– Избрана е специјалната јавна обвинителка, која извести дека го формирала нејзиниот тим. Очекуваме ефикасна работа на Специјалното јавно обвинителство и на судството за прислушувањето и за делата што произлегуваат од него, што ќе биде и силна порака дека вакво нешто никогаш повеќе не смее да се повтори –  рече претседателот Заев.

Претседателот Заев информираше дека по затворањето на правно-формалните подготовки за квалитетна поставеност на СДСМ во техничката Влада, исклучиво во функција на граѓаните и на фер изборен процес, викендов СДСМ ќе почне со разгледување на можните кадровски решенија.

– Нашата цел не е да владееме заедно со ВМРО-ДПМНЕ, туку да бидеме гаранти во подготовките за неопходните фер и демократски избори – рече претседателот Заев.

Хрватската амбасадорка нагласи дека е особено важно решавањето на поглавјето 23, кое се однесува на ефикасност и на непристрасност на правосудството и на фундаменталните права, на што Брисел особено се фокусира кога станува збор за напредокот на земјите-кандидатки.

Амбасадорката Баришиќ изрази подготвеност за потребната помош на Македонија на тој пат.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...