Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на викендот продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 539 мерки, од кои 271 мерки се однесуваат на вчерашниот ден, а 268 се изречени во саботата, информираат од МВР.

Полициските службеници во текот на викендов казниле 26 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а казнети се и 74 лица кои возеле без возачка дозвола.

Во изминатите два дена, најмногу казни се изречени за непрописно паркирање и тоа вкупно 95, како и 60 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Полицијата санкционирала 4 мотоциклисти и изрекла 12 казни за незастанување на затворен семафор (црвено светло). Викендов изречени се и 21 мерка за некористење на сигурносен појас.

Од МВР најавија дека во наредните денови ќе продолжат со засилените акциски контроли. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.