Видеото со две жени како се тепаат во трговски центар, не е од Скопје туку од Братислава

Дека објавата делува како да споделува видео од Скопје може да се види од коментарите под неа. Но има и такви кои увиделе дека не станува збор за трговски центар кај нас.Вистиномер го побара видеото на Гугл и успеавме да го најдеме на Тик-ток каде во описот пишува дека е снимено во Братислава – Словачка, пишува Вистиномер. 

Фото: принтскрин, објава на Фејсбук

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

ТУРИСТИЧКА ТУРА СО ТУПАНИЦИ – ТЕПАЧКА ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

Објавата е доста вирална и има повеќе од 200 коментари. Објавата споделува видео на кое се гледа како две жени се тепаат во трговски центар и е пласирана така што да изгледа како да е од С. Македонија, односно од Скопје, имајќи предвид дека вака поголеми трговски центри има во Скопје.

Дека објавата делува како да споделува видео од Скопје може да се види од коментарите под неа. Но, има и такви кои увиделе дека не станува збор за трговски центар кај нас.

Вистиномер го побара видеото на Гугл и успеавме да го најдеме на Тик-ток каде во описот пишува дека е снимено во Братислава – Словачка.

Ги побаравме некои од брендовите и продавници кои може да се видат на видеото и откривме дека истите се наоѓаат во Словачка.

На оваа фотографија тука која е реклама за очната оптика „Гранд оптикал“ што е видлива и во видеото, може да се примети дека станува збор за истиот трговски центар. Според рекламата, станува збор за трговскиот центар Ниви во Братислава.

Од сето ова можеме да заклучиме дека на објавата која ја анализираме ѝ недостига контекст.