Платформските игри секогаш биле „мостови“ помеѓу сите генерации на гејмери, од најмладите до највозрасните популарноста на овој вид видеоигри никако не опаѓа, дека постарите наслови се ревитализираат „во ново руво“, заради „ветеранска носталгија“, а новите наслови за новите генерации следат најважен фактор на креативна иновација и нови визуелизации, често црпејќи инспирација од минатото рефернцирајќи и игри од зачетокот на гејмингот.
Постојат инвентивни нови платформски игри кои вреди да се испробаат, затоа што содржат концепти кои се негенерични во жанрот, иако некои од нив се комбинаторика на најпопуларните скорешни наслови и графички прикази на посебни атмосфери што окарактеризираа периоди од „флиперските игри“ до најмодерните платформски видеоигри денес присутни и на компјутери и конзоли кои подражаваат различни концепти.
Во овој контекст ви ја претставуваме играта насловена „Screenbound“ што грубо преведено би гласела „Врзани за Екрани“.
Иако има две главни категории на платформски игри, во две и три димензии односно таканаречени „2D платформери“ и „3D платформери“, најавената игра „Screenbound“ истовремено се игра и во двете димензии- играта е конципирана со двојна перспектива односно првата е како да држите гемче од најстар тип на чие екранче во минијатура играте „2D“ игра, а истовремено се движите по истото ниво во „3D“ што периферно се перцепира и секако е вклучено и брзо префрлање на концентрација помеѓу двете перспективи на екранот синхронизирани да дејствуваат заедно, затоа што непријателите ги има само на екранчето од гемчето, но може да се судрите со нив во „3D светот“, којшто потсетува на стаза од играта „Мајнкрафт.“
Играта исто така има „Едитор за Супер Марио нивоа“, што веднаш кога се креирани се рендерираат и префрлаат со свои генерерирани „3D“ верзии. Се очекува оваа игра да захтева повеќе простор и понапредни уреди, токму поради редерирањето и складирањето на новокреираните мапи и нивоа. Оваа импортирања опција е воведена затоа што интересот за “Супер Марио Едитори“ e скоро иста како за „експериментирањето со конструкции во Мајнкрафт“ дека во двата случаи се креираат нивоа со поднивоа и се развива креативноста на децата кои брзо ги совладуваат дадените механики на сето тоа.
Играта „Screenbound“ сама по себе е општествен коментар и на опсесијата со екранизација каде во изминатите неколку декади општо зависноста од екрани и екранчиња стана секојдневие ширум светот, дека многу од секојдневните функционалности се врзани со работа на компјутери, а и општопознатата веќе и излитена анегдота дека „мобилниот телефон е цел компјутер што се носи во џеб, и е сè друго а најмалку телефон“ -сè уште „држи вода.“
Додека во осумдесетите и деведесетите „телевизоманијата“ се сметаше за нормална работа каде поминување по 8 часа на ден и повеќе пред „ТВ“ екран за цели семејства беше дневна ноторна праска ширум светот, денес за жал мобилните телефони го однесоа истиот фактор до друго негативно ниво на адиктивност, во ако може така да се нарече „мобиломанија“, што поминува како општествено одобрено однесување -а се адресира како претеран штетен проблем повеќе декларативно одошто практично да биде решливо адресирано во последните неколку години поради функционалност и лажна илузија на блискост што се создава исклучиво дигитално, исклучувајќи го поголемиот дел од живеењето во реалниот свет од „равенката“, а за „алгоритмите“ и да не спомнуваме.
Сепак игрите како „Screenbound“ кои се револуционерни можат и да повлијаат позитивно кон критичко размислување особено за најмладите генерации „на кои останува светот-кога ќе остарат.“ – Шегата настрана, повозрасните генерации имаат реални сомнежи и грижи дека поради обземеноста од екрани и токму „Врзаноста за Екрани“ на новите генерации дали воопшто ќе успеат да го одржат, менаџираат, функционално, технолошки и успешно светот во иднината. Ова во последно време преминува и во многу чест „чатер наратив“-„Чатер“ е дефинирано како термин кај филозофот Шопенхауер што означува „нешто за што најчесто луѓето зборуваат.“
Два видни проблеми кај најмладите од претерано користење мобилни телефони се очигледното прерано оштетување на видот и „самоуништувањето на способноста за одржување концентрација“, но и повисок степен на „игнорантноста“. Сепак никогаш не треба да се губи надеж. Гејмингот односно играњето видео игри, реално нуди и многу позитивно развивачки когнитивни, ореонтациони, координацисики и рефлексни предности и способности и помага за информираноста за различни теми.
Гејмингот и видеоигрите често сè и општествена уметничка мултимедијална критика некогаш во преден план, а често и суптилно и симболички, но едно е сигурно -интересот за практичното користење компјутери кај сите вешти програмери статистички секогаш започнува со интересот за видеоигрите.
Играта „Screenbound“ се очекува да биде многу популарна иако сè уште нема конкретен датум кога ќе излезе, но веќе на Steam има бесплатна „Demo“ верзија на оваа игра која може да се симне и игра, иако е играта e сè уште во развој од девелоперите „Crescent Moon Games“ и „Radical Force“, а ќе биде издадена преку „Digital Pajamas“ огранок на „Radical Force.“ Повеќе од самите инди-девелопери може да дознаете во следното релативно скорешно интервју за платформската револуционерна игра „Screenbound“: