Видео за надежта и секојдневните навики на луѓето во карантин

Триминутното видео насловено „Социјална дистанца“ е составено од снимки со луѓе кои ги покажуваат своите секојдневни навики за време на карантинот.

Во видеото учестуваат луѓе од најмалку 30 погодени земји, меѓу кои и 93 годишна баба од Малезија. Тие ги прикажуваат нивните фрижидери со храна, своите навики за миење раце за време на карантинот, танцуваат и споделуваат емотивни пораки.

Видеото е во режија на Иван Кеш и Џејкоб Џонас.