(Видео) Во Италија потона 40-метарската суперјахта „Мај сага“

Фото: Исечок од видео на Крајбрежната стража на Италија

Суперјахта долга речиси 40-метри потона во текот на викендот кај Сицилија, а настанот е целосно документиран на видео снимено од Крајбрежната стража на Италија.

Видеото објавено на Твитер покажува како „Мај сага“ се бори со брановите, пред полека да потоне.

Јахтата пловела од Галиполи до Милацо – обете места се на островот Сицилија – во саботата и одеднаш почнала да продира вода во неа, и по неколку часа јахтата потонала на 9 наутички милји од пристаништето Катанцаро.

Сите членови на екипажот и патниците се спасени неповредени, извести Крајбрежната стража на Италија.

Истрагата за причините на потонувањето трае.