[Видео] Оптичките перформанси на Џејмс Веб ќе ги надминат очекувањата, тест-фотографија најавува големи откритија

Фото: NASA/STScI

По комплетирањето на последните чекори за подредување на огледалата на најсофистицираниот телескоп некогаш изграден и пуштен во вселената, експертскиот тим на НАСА кој стои зад мисијата на Џејмс Веб очекува неговиот оптички перформанс да ги надмине научните цели за кои првобитно е направен.

На 11-ти март, тимот ги заврши и последните чекори од клучната фазата позната како „фино фазирање“ која започна на 3-ти февруари. По комплетирањето, секој оптички параметар, дел од телескопот е проверен и тестиран а резултатите покажуваат дека функционира според или над очекувањата.

Телескопот има способност успешно да апсорбира светлина од далечни објекти во вселената и да им ја пренесе на своите инструменти без никаков проблем.

„Успеавме телескопот целосно да го подредиме и фокусираме кон една ѕвезда и неговиот перформанс целосно ги надмина сите спецификации. Не само што се гледа самата ѕвезда и шилците од нејзината дифракција, се гледаат и други ѕвезди, секакви други структури кои се видливи сосем јасно. Возбудливо е што ова може да значи и да ѝ донсе на науката. Знаеме дека го изградивме вистинскиот телескоп.“, изјави заменикот менаџер за елементи на Веб во НАСА Годард.

И покрај преземените чекори што укажуваат на успешно функционирање на телескопот досега, пред тимот инженери постојат уште фази кои треба да се завршат до јуни 2022. Во следните шест седмици тие ќе започнат со следниот чекор за поставување на инструментите близок-инфрацрвен спектограф, средно-инфрацрвен инструмент и на крај близок инфрацрвен фотограф и спектограф без процеп. Во оваа фаза, преку алгоритам ќе биде проценета работата на инструментите и со помош на тоа ќе бидат пресметани последните корекции потребни да се постигнат за усогласување на работата на телескопот со сите свои инструменти.

На крајот доаѓа последната фаза на подредување кога тимот ќе ги приспособи сите мали, преостанати грешки во позиционирањето на сегментите на огледалата.

Мислењата за успехот на мисијата на Веб остануваат позитивни.

„Пред повеќе од 20 години тим инженери започна да го гради најмоќниот телескоп што некој некогаш го ставил во вселената, а сега произлезе со смел оптички дизајн кој ги исполнува зададените цели. Денес можеме да кажеме дека овој дизајн навистина ќе придонесе.“, истакнал Томас Зурбухен, асоцијтивниот администратор на директоратот на НАСА за научни мисии во Вашингтон.

„Ние направивме детални анализи да сликите кои досега ги добивме од Веб и засега сметаме дека неговиот перформанс е добар, ако не и подобар од нашите најоптимистични предвидувања.“, изјавил Ли Финберг, инженерот кој го предводеше тимот одговорен за  креирање на оптичкиот дел на телескопот Џејмс Веб.

Телескопскиот уред вреден 10 милијарди долари е составен од сегментирани примарни огледала какви што имаат некои од телескопите што се наоѓаат на Земјата. Тој е првиот од ваков тип кој беше испратен во вселената. Неговото примарно огледало од 6,5 метри беше преголемо за да се стави во ракета, па Веб мораше да се преклопи при лансирањето, а потоа самиот да се расклопи во вселената. По расклопувањето следеше прилагодување на секое огледало во рамките од нанометри за да се формира една површина на огледало.

Опсерваторскиот уред е резултат на работа на агенциите НАСА, Европската вселенска агенција и Канадската агенција.