(Видео) МВР: Во продолжение на акцијата „Ќелија“, уапсени се четири лица

-

Во продолжение на акцијата „Ќелија“, полицијата ноќеска упаси четири лица за кои постојат основани сомнежи дека биле дел од терористичката огранизација Исламска држава.

– Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против С.Р. (26), Б.С. (32), Б.Г. (23), Е.У. (36), Ф.И. (31), сите од Скопје, М.М. (38) од Тетово и С.И. (27) од Куманово. Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело учество во терористичка организација, односно припадник или тој што помага на кој било начин по член 394-а, став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија – информираше денеска на прес-конференција Дејана Недељковиќ од министерството за внатрешни работи.

Таа додаде дека по спроведените претреси на дом и на други простории, по наредба од Основен суд Скопје 1, на седум локации од кои шест во Скопје и една во Тетово, пронајдени и обезбедени се четири лица Б.Г., Ф.И., Е.У. и М.М., додека за две лица постојат оперативни сознанија дека сè уште се наоѓаат на територија на Сирија, а едно лице Б.С. е во бегство и сè уште е недостапно за органите на прогонот.

– При претресите кои беа извршени од вчера вечерта до изутринава беа пронајдени и со потврда одземени
следните предмети: пет десктоп-компјутери, два лаптоп-компјутери, 19 мобилни телефони, девет СИМ-картички, држач за СИМ-картички, девет УСБ-стикови, 50 цедиња, мемориски картички, заштитна маска, три патни исправи, маица со натпис на арапски јазик „Исламска држава е вечна“ и други документи кои ќе бидат предмет на дополнително вештачење – рече Недељковиќ.

Од страна на Јавното обвинителство за четирите лица кои беа обезбедени доставен е предлог за определување притвор во траење од 30 дена.

Акцијата „Ќелија“ беше спроведена во август минатата година, кога беа уапсени девет лица поврзани со регрутација и со логистика за странски терористички организации, а подоцна беа пронајдени уште двајца осомничени. Сите единаесетмина ја признаа вината и добија затворски казни.

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...